Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас на неопределено време за вработување на 43 (четириесет и три) овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работно место патролен шумски полицаец.
Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот се – да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да е физички и психички способен за вршење на работата во шумската полицаја, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, да има завршено најмалку средно образование, со или без работно искуство, да е подобен за носење оружје согласно на прописите за поседување на оружје и да има уверение за положен испит за шумски полицаец.
Согласно огласот, работното време е органиизрано во три смени, од понеделник до недела, 40 работни часови неделно. Нето плата 36.246 денари месечно.
Рокот за пријавување е 20 дена од денот на објавувањето на огласот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.