Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарена сува трева на неколку локации во кумановско, и тоа во селата Бедиње, Шупли камен, Речица и Тромеѓа, информираат од Регионалниот центар за управуање со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, опожарен отпад пожарникарите гаснеле кај фабриката ФЗЦ 11Октомври – индустриска зона, на улицата „Лесковачка“ регистрирано е спасување на повредено лице, а вчера вечер од 21:45 до 23:15 часот евидентирана е техничка интервенција на ТППЕ Куманово.
Екипа на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирала во селото Мало Нагоричане, кај т.н. Света Петка, поради запалена сува трева и стрниште, информираат надлежните.