Во Куманово е презентирана програма за поддршка на мали и средни претпријатија – „Go Digital in the Western Balkans” во нивните инвестиции за дигитализација и дигитална трансформација и усогласување на стандардите на ЕУ, со цел да ја унапредуваат продуктивноста, квалитетот и пазарниот потенцијал. Претставници на бизнис заедницата на презентацијата имаа можност детално да се запознаат со можностите за финансирање, грантовите и бесплатната техничка поддршка, која ја обезбедуваат Европската банка за обнова и развој и ЕУ. Презентацијата ја организираше Европската банка за обнова и развој во соработка со Општина Куманово.