Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ со одлука на Советот на Општина Куманово ќе бидат ангажирани десет лица на определено време преку Агенцијата за привремени вработувања. Старскиот дом во Куманово во кој престојуваат над 170 корисници веќе подолг временски период работи со сериозен недостиг на персонал.