Во тек е реконструкција и унапредување на објектот во кој е сместена Територијалната противпожарна единица – Куманово, преку проект на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, како и со поддршка од општествено-одговорни компании во градот, oбјави градоначалникот Максим Димитриевски.
„Во рамки на активностите, објектот се опремува со нови врати и ПВЦ прозорци, се реконструира бифето, реконструкција на спалните соби со нови кревети, поставување на клима-уреди, метални ормари за противпожарните униформи, нов канцелариски материјал, нови олуци, а следува и реконструкција на спортската сала во склоп на објектот“, напиша Димитриевски.