Во Занаетчиски дом денеска се одржа вториот буџетски форум на Општина Куманово, во рамки на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI).
„Вториот буџетски форум претставува продолжение на процесот на транспарентно и инклузивно креирање на буџетот на Општина Куманово за 2027 година. Присутните имаа можност да ги изнесат своите предлози, идеи и сугестии, како и да посочат приоритети и потреби од значење за локалната заедница. Во рамки на буџетските форуми се дискутира за повеќе области, меѓу кои економски развој, инфраструктура, образование, социјална заштита, животна средина, култура и спорт“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.