Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера во 16 часот во село во општина Старо Нагоричане, полициски службеници лишиле од слобода 40-годишен жител на Алгуња. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува без возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.