Во текот на изминатото деноноќие пожарникарите од Куманово гаснеле опожарено моторно возило марка „ BMW X5“ во населбата Перо Чичо, а во Карпош кај местото викано „Стари лозја“ интервенирале на куќа, каде што што од пожар бил зафатен дел од кровната конструкција.
Екипа на ТППЕ Старо Нагоричане, пак интервенирала во село Сув Орах, на опожарена сува трева и нискостеблеста шумска вегетација.