Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и годинава организира завршен настан во рамките на „Денови на српската култура во Куманово“. Манифестацијата се организира традиционално во чест на Денот на градот – 11 Ноември.
„Членовите на „Српски вез“ се потрудија и подготвија богата програма, во која ќе бидат застапени сите негови секции. Исто така ќе има и неколку изненадувања. Важно е да се напомене дека оваа манифестације е од хуманитарен карактер и сите средства од неа ќе бидат донирани за лекување на Олгица Давидовска која боледува од релапсно-прогресивна мултиплекс склероза“, информираат од КУД „Српски вез“.
Манифестацијата е поддржана од Општина Куманово, Управата за соработка со Србите од регионот и дијаспората, како и Министерството за култура на Р.Србија.