Во рамките на регионалните смотри на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија -СОФАМ викендов во организација на КУД „Панче Пешев“ се одржа концерт во Центарот за култура во рамките на кој настапија 10 културно- уметнички друштва и ансамбли од северниот регион кои со својата разноликост на репертоарски содржини ја претставија богатата традиција на Македонија преку играта, народната носија, музиката и песната.