Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година.
Во рамки на категоријата на 1200 стипендии за социјална поддршка, за првпат се воведуваат посебни стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести, со по 50 стипендии за секоја од овие категории.
Истовремено, се воведува нова категорија од 1.050 стратешки стипендии, наменети за студенти кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата.
Дополнително, се воведуваат и 750 стипендии за студенти кои постигнуваат висок академски успех, односно имаат просечен успех од најмалку 8,50 и континуирано ги исполнуваат академските обврски.
За стратешките стипендии месечниот износ е 18.000 денари, додека за социјалните стипендии и стипендиите за висок академски успех изнесува 6.050 денари. Стипендиите се исплаќаат во текот на девет месеци од студиската година.
Пријавувањето е исклучиво електронско, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во периодот од 6 до 20 ноември 2026 година.