Реновиран интернатот во Драгоманце

Реновиран е интернатот во кумановското село Драгоманце кој што е дел од општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ . За комплетна обнова на кујната, внатрешниот дел на ученичкиот дом, но и за фасадата се погрижи министерството за образование и наука, на барање  жителите на ова село, но и  надлежните во училиштето.

-Далеку се подобрени услвоите,  од она што го видов од она претходно што беше при една наша посета ветивме реконструкција и негово реновирање соодветно на потребите.  Од она што ни беше понудено како проект за санација од страна на директорката ние како мининстерство тоа го прифативме и истиот е реализиран, изјави Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука

И покрај тоа што станува збор за еден постар објект, сепак пријатноста на атмосферата и целокупното одржување на училиштето укажува дека станува збор за еден исклучително квалитетен кадар на наставници и на директорката  како менаџер, рече Ристовски.

– Голема благодарност од името на вработените и моето лично име до министерството за укажаното разбирање и реновирање на интернатот и подобрување на условите за животот и работата на учениците, во училиштето вкупната бројка на ученици е 77 , а во интернатот 11, изјави  Стојка Спасовска, директор на ОУ„Христијан Т.Карпош“ –с.Драгоманце, Куманово

Во интернатот оваа учебна година престојуваат 11 ученици од прво до деветто одделение од козјачкиот регион. Селата од кои што потекнуваат се оддалечени од училиштето и по десетина километри, а не се опфатени ниту со соодветна патна инфраструктура поради што децата од тој регион секоја учебна година се сместуваат во ученичкиот дом.

Надлежното министерство и во иднина како и досега ќе ги поддржува иницијативите кои што произлегуваат од потребите на учениците на ова училиште, потенцираше Ристовски.

 

Коментари

коментар(и)