Во салонот на уметничката галерија деновиве се одржа ликовна работилница со ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, под менторство на професорката Марина Цветановска Мартиновска, на теми од актуелната изложба ,,Кумановски ликовни уметници 2026″.
„Инспирирани од уметничките дела, преку слободно творење и креативност, учениците создаваа свои мали уметнички приказни“, соопштија од НУ Музеј Куманово.