Во организација на Здружението на друштво на писатели Куманово вчеравечер во Занаетчиски дом беа доделени наградите на учесниците на литературниот конкурс за
традиционалната манифестација „11 Ноември”.
Стручната комисија на здружението на писателите ги награди најкреативните поетски и прозни дела, во конкуренција од 80 литературни творби пристигнати од учениците од кумановските основни и средни училишта, како и од други градови од земјава кои што добија благодарници и признанија за нивниот исклучителен придонес и ангажман во областа на книжевноста. Пред публиката на свечената празнична манифестација, збогатена со културно – уметничка програма настапија талентираните ученици со наградените литературни творби, под менторство на нивните наставници.
Настанот е реализиран со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.