На информативна сесија во Куманово претставени се грантови до 300.000 евра за зелени инвестиции, енергетска ефикасност и унапредување на производствените процеси на малите и средни претпријатија. Средбата со бизнис заедницата е организирана од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово, во соработка со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Владата на Северна Македонија, а ќе се реализира до јануари 2030 година. На информативната сесија претставниците на бизнис-секторот имаа можност да се запознаат со условите за аплицирање, критериумите и предвидените финансиски инструменти.