Советниците ги изгласаа измените на програмата за развој на Општина Куманово за 2026 година, програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата.
Во образложението, раководителката на Секторот за комунални работи Лидија Ланг Спасовска посочи дека во сите три програми има пренамена на одредени средства, а најмногу се однесуваат на оние проекти кои што не можат да бидат завршени во 2026 година.
Дел од советниците имаа забелешки во однос на уличното осветлување во Куманово.