СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово учествуваше на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката” што се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје. Неколкумина гимназијалци се вратија од манифестацијата со освоени награди од областа хемија и биологија.
Од втора година Давид Јовчевски освои втора награда за „Квантитативно определување на титрабилна киселост во лимонов сок со ацидиметриско-алкалиметриска титрација “, ментор – Тања Кировска Георгиевска.
Од трета година Моника Мишевска и Ангела Трајковска освоија трета награда за „Сапонификација на масти”, под менторство на Лидија Тасевска Стојковиќ.
Тимот по биологија го сочинуваа ученичките од втора година Мила Смиљковиќ и Лина Стојмановска, кои за своето истражување зедоа трета награда под менторство на наставничката Маринела Јовчевска.