Машката екипа од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово го освои првото место на општинскиот натпревар во ракомет за средни училишта, организиран од Општинскиот сојуз на училишен спорт КУМАНОВО. Натпреварот се одржа во салата на СОУ Перо Наков во Куманово на 23 ноември. Ментор на гимназијалците е професорот по физичко и здравствено образование Зоран Ивановски.