За само една недела Ромите од дијаспората повторно со помош за нивната етничка заедница во Куманово. Со паричните средства хуманитарната организација „Англунипе “ како и во првата хуманитарна акција подготви прехранбени пакети кои што вчера попладне беа донирани на најзагрозените семејства во Средорек.
-Пристигнаа пари за втората акција, имаат желба да помогат на ромската заедница која што е дискриминирана од ова општество, Ромите во дијаспората знаат од каде потекнуваат и на кого сакаат да помогнат. Денеска ќе донираме на осум семејства и на едно семејство без електрична енергија во домот , изјави Мерџан Демирали, претседател на НВО „Англунипе“
-Благодариме што нашите Роми во странство мислат на нас, а благодарност и до невладината организација„ Англунипе“ која им помага на најсиромашните, изјави анкетиран граѓанин од Средорек
Хуманитарната акција продолжува. Веќе се прибираат дополнителни парични средства , вели Демирали и за многу краток временски период помош од ромите во дијаспората ќе добијат уште неколку семејства.