Утре повеќе делови од градот без струја

Во текот на утрешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија бидат улиците: „ Дојранска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1-ви Мај“, „Вера Ц. Трена“, „Сава Ковачевич“, „Ристовац“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 09:00 до 13:00 часот прекини на електричната енергија ќе има во атарот на селото Винце.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро-дистрибутивната мрежа.

Коментари

коментар(и)