Протест со порака за избори

Граѓаните и вчеравечер се приклучија на маршот, кој го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие и овојпат ги повторија барањата за зачувување на унитарниот карактер на државата и целосно отфрлање на тиранската платформа.

Граѓаните го почнаа маршот од реонскиот пазар на булеварот „Октомвриска револуција“, потоа поминаа низ централните градски улици, од каде пристигнаа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Кумановци бараат да не се промени Уставот и она што ја чини суштината на државата, знамето, химната, грбот, да не се воведе двојазичност на целата територија на Републиката. Велат, дека нема да дозволат разнебитување на Македонија, бидејќи како што потенцираа, сегашната генерација има обврска да ја зачува државата онака како што ја оставиле предците и да ја предале на идните поколенија. Граѓаните сметаат дека единствен излез од политичката криза во државата се нови парламентарни избори.

Коментари

коментар(и)