Успешно завршена обука за млади жени претприемачи

Триесет млади од 18 до 29 години од Македонија и Бугарија беа дел од петдневна обука во рамките на проектот „Фемтерпрајс- Промовирање на создавање на социјални претпријатија  преку зајакнување на претприемничкиот потенцијал  на младите жени“. Проектот се стреми да обезбеди поддржувачка креативна средина за млади жени со цел да создадат свои социјални претпријатија  и на тој начин да обезбедат  иновативни одржливи  решенија за социјалните и еколошките  проблеми во пограничниот регион на Македонија и Бугарија. Оваа цел ќе биде постигната преку создавање на одржлива прекугранична фемтерпрајс мрежа  на жените претприемачи, зајакнување на претприемачкиот капацитет  и создавање на можности  за професионална и  социјална реализација на  млади жени претприемачи,  развивање на платформата Фемтерпрајс, иновативна онлајн алатка  за поддршка , градење на капацитет, менторство и вмрежување  меѓу жените претприемачи ментори , потенцијални  клиенти и инвеститори, поттикнување на создавањето на социјални претпријатија во регионот  управувани од жени,  како и одликување на претпримничка култура  и социјалното претприемништво.

-Проектот се стреми кон тоа да се развијат бизнис идеи и бизнис планови за развој на претпијатија кои се социјално одговорни односно за развој на социјалното претприемништво, пред се во овој североисточен дел и пред се кај жените претприемачи.  Меѓутоа  во секој случај ова се вклопува во еден генерален концепт на развој на социјално претприемништво не само во регионот , туку и во Македонија. Мислам дека ова е еден одличен  извор на раст на нови работни места кој не е  доволно искористен кај нас пред се затоа што конкретно со овој проект на потенцијалните жени претприемачи им недостасуваат средства, некогаш им недостасува менторска поддршка, консултантски услуги, информации за тоа што значи да се води бизнис, како се започнува бизнис, изјави Благоја Грозданов, предавач

Соработката меѓу кумановското здружение за млади жени претприемачи и невладината организација од Бугарија отпочнува пред година ипол кога и  стартуваше реализацијата на овој прекуграничен проект.

-Со здружението жени претпримачи од Куманово се запознавме по повод овој проект, пред година и половина, заедно го разработивме  и досега имавме успешна соработка, во моментот го реализираме проектот. Проектот е насочен за млади жени претприемачи со цел вмрежување  на претријатијата на жените претпремачи од  18 и 29 години, а секоја дама е добредојдена во нашата мрежа. Има одлични бизнис идеи,конкретно  има шест бизнис идеи и наша  фб страница  ,изјави Ина Попова, координатор на проектот од Бугарија

Проектот е ко-финансиран од Европската унија преку програмата Интерег –ИПА за прекуграничка соработка Бугарија –Македонија.

Коментари

коментар(и)