Пожарникарите со неколку интервенции викендов

На четири различни локации дејствувале кумановските пожарникари во текот на изминатиот викенд, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожар завчера избувнал во просторија од подрачното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Пожарот зафатил дел од просторијата на училиштето, а петмина пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 13:15 до 14:25 часот при што успеале да го изгаснат огнот. Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета засега не се познати.

Тројца припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово во сабота интервенција бележат и во населбата Карпош, поточно во период од 20:30 до 21:15 часот кога гаснеле запалена сува трева.

Истата вечер на опожарениот објект на Женезничката станица во селото Речица повторно се активирале жариштата и избувнал пожар. Тројца пожарникари во период од 20:50 до 01:45 часот по полноќ дежурале на локацијата каде 55-годишниот Момчило Стефановски живееше изминаттие 16 години, се до петок кога голем пожар му одзеде се што имаше.

Запалена сува трева се гаснела и во текот на вчерашниот ден. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 15:50 до 19:35 часот во населбата Долно Којнаре, м.в. Црн Бик интервенирале во гаснењето.

Коментари

коментар(и)