Вицепремиерот Оливер Спасовски во посета на Куманово

„Безбедносната состојба на подрачјето на Куманово е стабилна и се бележи подобрување во работењето “  , рече министерот за внатрешни работи и вицепремиер Оливер Спасовски по средбата во Секторот за внатрешни работи во Куманово. Спасовски посочи дека има намалување за 15 проценти на нарушување на јавниот ред и мир и насилството и намалување на сообраќајните прекршоци, а тоа, како што вели министерот ја покажува генералната слика дека е подобрена безбедносната слика во СВР Куманово, кое го опфаќа Куманово и останатите општини од североисточниот регион.

-Имаме зголемување на економскиот криминал, економскиот криминал не е видлив, за него треба да работите и има зголемување на 20 проценти, а тоа се должи на откривање на извршени кривични дела на функционери, носители на одредени позициии кои што беа во општина Куманово во одредени институции или во одредени општини, така што тој број на откривање на такви кривични дела и поднесување на кривични пријави го зголемува нивото за 20 проценти. Јас жалам што имавме можност да имаме таква криминална власт претходно на централно ниво која што овозможи да имаме такви функционери кои ќе злоупотребуваат државни средства, ама е добро што македонската полиција заедно со обвинителството ги работи овие случаи и ги разоткриваме овие кривични дела, тие се поднесени кривични пријави имаме знаете за фалсификување исправи, на дипломи на полициски служебеници сето тоа е процетн кој шт го зголемува екнсомиот криминал , нот тоа е добро заради тоа што се детектираат откриваат и ќе влијаат позитивно врз натамошното функционирање на овие институции, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Министерот Спасовски денеска беше и во прва официјална посета на Општина Куманово . По средбата со градоначалникот Максим Димитриевски беше констатирана одличната соработка меѓу МВР и Општина Куманово.

– Со градоначалникот разговаравме  околу подобрување на безбедноста во сообраќајот уште повеќе, во наоѓање заеднички сообраќајни решенија тоа што е поволно за граѓаните, како да се подобри безбедноста во делот на користење на видео надзор, таму каде може да се користи, изјави Спасовски.

И градоначалникот Димитриевски потенцираше дека  соработката на општината со СВР Куманово и надлежните државни органи, но и безбедноста во градот е на највисоко ниво.

-Побаравме како Општина поголем ангажман на позорникарите во делот на она што значи посигурен град, заштита на јавното добро на заедничкиот интерес и во духот на добрата соработка ќе продолжиме во делот да обезбедуваме поквалитетна услуга и ние како општина, а и тие како министерство ,  се со цел граѓаните да се чувствуваат и комотно и безбедно и поурбано. Ќе работиме и на полето на превенцијата и на полето на спречувањето на сите појави кои што негативно се отсликуваат во нашиот град, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Министерот Спасовски најави и дека во буџетот за 2019 –та година се предвидени средства за изградба на нов објект на СВР Куманово. Средства ќе бидат издвоени и за неколку капитални проекти на Владата што ќе бидат реализирани во Куманово, реконструкција на патот од Куманово до Свети Николе, патот Куманово –Никуштак и патниот правец Старо Нагоричане – Пелинце.

Коментари

коментар(и)