Библиoтеката одбележа 70-годишен јубилеј

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска со свечена седница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, одбележа 70 години постоење. На манифестацијата беше презентиран фото материјал за напредокот и развојот на оваа установа од 1945 година. Пред присутните се обрати директорката Нада Ивановска која инфомираше дека некогашната библиотека броела само 1.300 книги, коишто ги донирале граѓаните на Куманово, а денеска книжниот фонд изнесува околу 200.000 библиотечни единици секаков вид литература, периодика, весници и друг библиотечен материјал.
-Библиотеката како…

Read More

Протестираа волонтерите од Општата болница

Волонтери кои со години работат во кумановската болница, некои дури по 13, незадоволни што се уште нема решение за нивниот статус, денеска  излегоа на протест во дворот на болницата. Раскажуваат дека иако извршуваат иста работа како останатите вработени, не им се плаќа стаж, туку надомест од само 3.900 денари. Велат дека работат и во ноќни смени, вршат дежурства во недели и празници, дури и по 12 часа, надевајќи се дека еден ден ќе се вработат…

Read More

Заврши фестивалот „Денови на комедија“

„Идиоти“ е насловот на комедијата која го затвори 18-тото издание на фестивалот „Денови на комедија Куманово 2015“. Претставата е  работена според едночинки од Муза Павлова, во режија на Мирослав Петковиќ и асистент на режија, Бојана Краљевска. Темата зборува за случки од секојдневието, односно административните лавиринти, корупцијата и манипулацијата во општеството, а сето тоа е претставено на комичен начин. Ликовите во претставата ги играат Марко Трајковиќ,  Александра Михајлова, Владо Дојчиновски и Мартин Лазаревски.  Режисерот Петковиќ истакна…

Read More

Во училиштата ќе се изучува ромски јазик

Во основните училишта „Христијан Карпош“, „11-ти октомври“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“од оваа учебна година започнува изучување на ромскиот јазик, како изборен предмет или како странски јазик. На тој начин освен што ќе се врати во употреба овој јазик, на децата од трето одделение ќе им се даде можност и да се запознаат со својата култура и историја. По тој повод утринава во „Христијан Карпош“ се одржа манифестација, со која свечено е одбележана оваа нова…

Read More

Изведена претставата „Без паника“

„Без паника“ е насловот на комедијата на битолскиот театар, која синоќа беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во рамки на фестивалот „Денови на комедија“.  Претставата е напишана според текстот на Мика Мулуахо, фински модерен текстописец, а режијата е на Благој Мицевски. Се работи за трилогоија, која е пишувана во 2005 година. „Паника“ е првиот дел кој е посветен на мажите во општеството, вториот дел се вика „Хаос“ и се занимава со жените, а…

Read More

Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски

Локален клуб на Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 4-ти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски-Матрикс.
Натпреварите ќе се одржуваат на 17 и 18-ти октомври во салата на СОУ „Перо Наков“. На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи.
Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до утре  во партиските простории или на телефонскиот број 077 585 800.
Тие ги повикуваат сите граѓани со спортски…

Read More

Отворен Центар за грижа на корисниците во „Водовод“

Во административната зграда на јавното претпријатие „Водовод“ утринава е отворен Центар за грижа на корисниците, кој ќе функционира како едношалтерски систем. Во него граѓаните ќе можат од едно место и во исто време да ги решат своите проблеми со водоснабдувањето. Центарот кој чини милион и двесте илјади денари, е отворен со поддршка на локалната самоуправа и канцеларијата на Швајцарска амбасада за поддршка на развојот во Македонија.
-Го осмисливме овој едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат…

Read More

Ќе се обучуваат млади и жени од руралните средини

„Граѓанско учество во руралните средини“ е насловот на проектот кој денеска беше презентиран во Куманово. Проектот е наменет за млади и жени на возраст од 15 до 24 години,  од различна родова и етничка припадност и за лица со попреченост од Североисточниот плански регион. Целта е тие да стекнат знаење и да го кренат својот глас со конкретни мерки за подигање на свесноста во заедниците и за поголема вклученост во креирање на локалните политики и…

Read More

Поплавена малата црква Св.Петка во Бедиње

Поројните дождови кои изминативе денови го зафатија Куманово, предизвикаа излевање на реката Липковка, која ја поплави малата црква Света Петка во село Бедиње.  Освен дворот целосно е  поплавен и  внатрешниот дел на ова свето место.  Ктиторот, шеесет и седумгодишниот Ацо Величковски кој 12 години ја одржува оваа црква, истакна дека и минатата година врнежите предизвикале поплава, но тогаш водата не била во толкав интензитет.
-Водата по моја проценка некаде 80 сантиметри можеби и повеќе да има….

Read More

Одбележана „Недела на детето“ во „Кочо Рацин“

Со игра и песна учениците од основното училиште Кочо Рацин, утринава го прославија приемот на првачињата во детската организација, но и ја  одбележаа „Неделата на детето“, која трае од 5-ти до 11-ти октомври. Инаку во оваа учебна година во Кочо Рацин се запишани околу 150 првачиња.
-Само што заврши заклетвата на првачиња денеска се сите радосни и родители, првачињата, наставниците. Прием на децата во Детска организација еден момент во животот кој вечно се помни, секоја година…

Read More
1 370 371 372 373 374 381