„СДСМ во медиумите за реконструкција на водоводна мрежа улица „Никола Тесла“ манипулираше во 2023 година, a манипулира и денес. На 12.06.2023 година тогашниот претседател на ОО СДСМ Куманово на прес конференција на таа локација, Александар Арсиќ, придружуван од советниците и други членови на СДСМ , тврдеше дека Владата на СДСМ ќе изгради нова водоводна мрежа во должина од 2км на улица „Никола Тесла”, во износ од 300.000 евра. Тоа ветување не се реализира иако истите…
Види повеќеAuthor: Снежа Петковска
В понеделник јавна расправа за подобрување на квалитетот на воздухот
Во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово, во тек е ажурирање на постоечкиот План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на Општина Куманово (2022-2026), кој е усвоен и одобрен од Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање и Совет на Општина Куманово, објави општина Куманово. На 28.04.2025 година (понеделник) во 12.00 часот во…
Види повеќеДератизација и прв третман против бубашваби следната седмица
На 28.04., 29.04. и 30.04.2025 година (понеделник, вторник и среда) во 08.00 часот, ќе се изврши дератизација и прв третман против бубашваби на територија на општина Куманово, објави општина Куманово. Третманот ќе се спроведе во шахти на постоечката канализација, со употреба на препарат ФЛИТРИН 6,14 со активна материја PERMETHRIN I TETRAMETHRIN. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден, велат од општината.
Види повеќеПовик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар (основно и средно образование)
Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното и средното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот. -Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година…
Види повеќеСе подготвува претставата „Калигула“ на Театар Куманово
Кумановскиот театар ја подготвува претставата „Калигула“, по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески. Ова е еден од двата проекти за македонска драма поддржани од Министерството за култура, а премиерата се очекува на средината на мај. Во претставата играат актери од ансамблот на Театар Куманово и вон него: Марко Трајковиќ, Илин Јовановски (к.г.), Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Никола Милошевски (к.г.), Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Луна Маријановиќ (к.г.),…
Види повеќеСамостојна изложба на Стефан Анчевски вечерва во Прилеп
Кумановскиот уметник Стефан Анчевски вечерва ќе се претстави со самостојна изложба во Прилеп. Стефан Анчевски поставува и создава сопствен концепт на дела, создавајќи јасна и специфична уметничка визија. Познавајќи различни медиуми и знаковни симболи, уметникот ги материјализира своите идеи низ низа технолошки процеси, овозможувајќи му да експериментира со различни визуелни и уметнички средства. Работи на принципот точка – права, полно – празно, геометрија и нејзино слободно толкување, движење, динамично групирање на нештата. Стефан Анчевски со…
Види повеќеСе чествува Источен петок во црквата „Света петка“ во Бедиње
Православните верници денес го одбележуваат празникот Источен Петок -Балаклија, кој доаѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Мајката божја и нејзините чуда. Во Куманово традиционално централното чествување на Балаклија е во црквата „Света Петка“ во Бедиње каде што се собираат голем број верници, се служи литургија, граѓаните палат свеќи, се поклонуваат пред иконите, сечат колач. Традиционално, на Балаклија во „Света Петка“ се избира и кум на прославата за наредната година. На Балаклија…
Види повеќеЌе се проширува патарината Миладиновци
Наплатната станица кај Миладиновци, за влез и излез од Скопје, ќе биде проширена со уште една лента од десната страна, најави директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, при неодамнешната посета на Куманово. Се подготвува и нова одлука за поголемо поминување на патарините со тагови, а не со пари во готово или платежна картичка. – Не е само таа патарина, туку 5-6 кои беа финансирани од Светската банка, беа тука многу закочени работите,…
Види повеќеСо собирни акции одбележана Неделата на солидарност
Општинската организација на Црвениот крст од Куманово изминатата седмица ја одбележа традиционалната Недела на солидарност под мотото „ Вашиот прилог – значајна помош “. Во рамките на неделата, општинската организација Куманово дистрибуираше 60 прехранбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ТЦ Сума и Тинекс маркет. Воедно, во Гимназијата ,,Гоце Делчев” се одржа собирна акција за донација на облека. Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од…
Види повеќеПромовирана етно соба во ООУ „Вук Караџиќ“
Центарот за истражување и одржување на традиција „Етно фолк студио” – Куманово вчера во ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово ја претстави етно собата во рамките на одбележувањето седум години од постоењето, објави општина Куманово. Во етно собата изложени се делови од македонски народни носии од различни краеви на државата и орнаменти, кои го отсликуваат културно – историското богатство и традиција на Македонија. Поставката ќе биде изложена пет дена, а целта е да се негува и сочува сето она што долги години со огромен труд и ангажман е создавано на македонското тло.
Види повеќе