По четврти пат Куманово ќе биде домаќин на семинар за традиционална музика и игра под насловот „Глобалното кај локалното“ Семинарот е во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, а ќе се одржи утре и на 09 април од 18:00 часот во фоајето и големата сала. „Целта на овој проект е афирмација на традиционалната култура во функција на запознавање…
Види повеќеAuthor: Снежа Петковска
Приведен кумановец – возел со над два промили алкохол во крвта
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во 1 часот по полноќ на улицата „Ѓорче Петров“ бил приведен 45-годишен возач од Куманово со измерени 2.34 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
Види повеќеЗСПК „Козјак“ одбележува 43 години од обновувањето на клубот
Здружението спортско планинарски клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 43 години од своето постоење, односно од обновувањето на клубот. „Движи се да не заборавиш да одиш“ е годинашната порака до сите членови од одговорните во клубот. -По повод роденденот во зависност од временските услови допрва ќе се организира акција и планинарски ручек во планинарскиот дом Длабочица и доделување награди и признанија на нивните членови. ЗСПК „Козјак“ е најстар клуб во градот. Денеска одбележуваме 43 години…
Види повеќеВИДЕО: Одбележан денот на бомбардирањето кај Аџи Тепе во 1941 година
Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово вчера го одбележа денот на бомбардирањето на спортскиот аеродром Аџи Тепе во близина на Куманово, кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на германската авијација на 6 април 1941 година. Одбележувањето традиционално се одржува кај споменикот изграден во чест на загинатите авијатичари, на улицата „Никола Тесла“ во Долно Којнаре. Пред присутните се обратија претседателката на Српската заедница во Македонија Гордана Јовиќ – Стојковска, амбасадорката на Р….
Види повеќеВИДЕО: Ученици од здравствена струка мереа гликемија и крвен притисок по повод Светскиот ден на здравјето
Здравствената струка од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и здружението на дијабетичари од Куманово денеска во паркот кај Соколана организираа акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, а во училиштето беше одржано и предавање за болестите на очите предизвикани од дијабетесот. Активностите се организираат по повод 7 Април – Светски ден на здравјето. Утревечер ќе се одржи уште едно предавање на тема „Превенција на дијабетична ретинопатија“ од д-р Елизабета Спасиќ, спец.офтамолог…
Види повеќеВИДЕО: Ристовски: СДСМ е повторно силна и обединета
„СДСМ ја враќа довербата на членството и покажува дека новото раководство ја носи партијата на победничките патеки“, рече на денешната прес-конференција претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово Дарко Ристовски, соопштувајќи ги резултатите од редовните внатрепартиски избори што се одржаа вчера. Единственот кандидат на СДСМ Венко Филипче доби нов четиригодишен мандат. -Социјалдемократскиот сојуз на голема врата се враќа во Куманово. На вчерашните внатрепартиски избори Венко Филипче освои 655 гласа, тројно повеќе од претходните избори. На…
Види повеќеДимитриевски: Движењето ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник
„Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово ќе има свој кандидат за градоначалник. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во своето кусо постоење како политички субјект покажа и докажа дека секогаш работи транспарентно и отворено и точното информирање на јавноста му е приоритет. Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека за да нема забуни јавноста треба да биде информирана за следното: – Владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори…
Види повеќеСе одбележува 7 Април – Светски ден на здравјето
Директорот на ЈЗУ Општа Болница Куманово м-р Сашо Стошевски на сите граѓани им го честита 7-ми април, Светскиот ден на здравјето. Посакува на сите да имаат добро здравје и да се грижат за истото. -Ние како ЈЗУ секогаш стоиме на располагање на граѓаните, 24 часа во неделата, 365 дена во годината. Работиме врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита. На светскиот ден на здравјето една добра вест како за граѓаните така…
Види повеќеМулти Арт и ТВ Плус организираат Велигденски хуманитарен концерт за младата Александра Митровска
По неколку години пауза, традицијата продолжува! Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт заедно со ТВ ПЛУС организира голем Велигденски хуманитарен концерт кој ќе го посветиме за наша млада сограѓанка Александра. Покана до сите добронамерни и хумани луѓе: да покажеме заедништво со подадена рака кон семејството на 21 годишната Александра Митровска, која храбро се соочува со последиците од болеста церебрална парализа. По долги години животна борба, Александра конечно има можност за неуророботска рехабилитација, можност која…
Види повеќеКБК Куманово на Европски кик-бокс куп во Сараево
Кик-боксерите на КБК Куманово 2006 се во Сараево каде ќе се натпреваруваат во рамките на Европскиот кик бокс куп. Станува збор за куп кој ги опфаќа сите категории и возрасти, а се одржува од 3 до 6 април. – Самото учество на купот е успех, конкуренцијата и бројноста на натпреварувачите е голема, но ние ќе се обидеме да се прикажеме во добро издание и да донесеме добри резултати – изјави тренерот Сашо Илиевски. Инаку, Македонија…
Види повеќе