Недостиг на ученици во училиштата

Недостиг на ученици во училиштата

Од предвидените 2.600 средношколци со објавениот конкурс од министерството за образование и наука досега во средните училишта во Куманово  се запишани само 1.260  ученици. Оваа бројка значи дека недостасуваат половина од деветоодделенците кои што треба да го продолжат образованието во новата учебна година.Тоа пак од друга страна значи дека може да се  загрози работниот однос на одреден борј наставници во училиштата, посочуваат од секторот за образование.
– Oваа половична бројка што е запишана доведува во прашање…

Read More

Учениците се вратија во училишните клупи

Учениците се вратија во училишните клупи

1.200 првачиња денеска за првпат се сретнаа со својот учител.  Овој број не е конечен со оглед на фактот што уписите траат и во текот на првата половина од септември. Според списоците кои што секторот за образовие при општина Куманово  ги добил од надлежните државни органи во новата учебна година треба да се запишат вкупно 1.551 деца кои што се родени во 2010 –та година и во јануари 2011.
-Се очекува уште 15-ина деца посебно од…

Read More

Зголемен криминалитетот во Куманово

Зголемен криминалитетот во Куманово

Благо зголемување на криминалитетот  од 4,3 проценти во првото полугодие годинава споредбено со истиот период лани бележи полициската станица од општа надлежност во Куманово. „Ова значи дека е зголемен и бројот на кривични пријави, но и реализацијата накривичните дела“ – рече командирот на полициска станица од општа надлежност Игор Митевски , презентирајќи ја информацијата за преземени мерки и активности за првите шест месеци од тековната година.
– Најголем дел биле кривични дела од класичниот криминалитет, имотни…

Read More

„Перо Наков“ потпиша меморандум за соработка со МЦГО

„Перо Наков“ потпиша меморандум за соработка со МЦГО

Во средното училиште „ Перо Наков “ започнува имплементација на аксес програмата поддржана од американската амбасада во Скопје.
Директорката на училиштето Лидија Тасевска денеска во просториите на општина Куманово потпиша меморандум за соработка со македонскиот центар за граѓанско образование кој што е надлежен за спроведување на оваа програма, која што веќе втора година се имплементира во Македонија.
-Програмата е наменета за изучување на англискиот јазик, американската култура,  обичаи и и традиции преку еден не класичен начин со…

Read More

Се обесило малолетно дете

Се обесило малолетно дете

11 годишно момче од Куманово вчера си го одзело животот со бесилка. „Станува збор за самоубиство на малолетно дете што се случило во семеен дом на улицата Ѓорѓе Петров, во населбата Перо Чичо“ – потврди денеска СВР Куманово.
Како што соопштија надлежните, момчето било затекнато починато во соба. На вратот имало  платнен ремен од јакна врзан за рачки од витрина.
Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итна медицинска помош во Куманово.
Телото на несреќното момче е предадено…

Read More

Кумановци несебично помагаат на поплавените

Кумановци  несебично помагаат на поплавените

Граѓани на Куманово, волонтери од невладини  и граѓански здруженија, од црвениот крст, припадници на полицијата и АРМ веќе неколку дена несебично помагаат во расчистување на поплавените домови во скопскиот регион. Велат она што го виделе таму нема да го заборават до крајот на животот. Толку кал, но и непријатна миризба од тињата во дворовите и во домовите не виделе ниту почувствувале  никогаш претходно. Во моментов најпотребни се средства за дезинфекција, порачуваат волонтерите од Кумановски акцијаши…

Read More

Костоперска карпа ја истражуваат врвни археолози

Костоперска карпа ја истражуваат врвни археолози

Археолози од врвни  британски универзитети и годинава го истражуваа локалитетот Костоперска Карпа во близина на селото  Младо Нагоричане. Според досегашните истражувања на локалитетот  е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза.
Освен што националната установа „ Музеј “ има потпишано четиригодишен…

Read More

Дијабетичари ќе донираат за поплавените

Дијабетичари ќе донираат за поплавените

Околу 2.000 дијабетичари од Куманово користат  инсулинска терапија. Претседателот на здружението на дијабетичари Стефан Јовановски денеска ги повика членовите наредните неколку денови да донираат дел од својата месечна терапија за граѓаните во поплавените подрачја. Сите заинтересирани граѓани за оваа хуманитарна акција во организација на здружението својата помош може да ја достават во амбулантата за дијабетес во општата болница. Собирањето на помошта ќе трае до вторник.
– Дојдов до идеја како дијабетичар од мојата скромна залиха што…

Read More

Поплавените добија помош од кумановци

Поплавените добија помош од кумановци

Емилија Цветковска која два ипол часа се борела со водената стихија во скопско Стајковци денеска во знак на благодарност замина кај семејството Крстиќ да им помогне со чиста и сува облека, хигиенски средства и се она што моментно им е најнеопходно. Оваа помош можеби не може да се спореди со она што Крстиќ го направиле за нашата сограѓанка, но сепак покажува колку големо срце има Емилија и колку голем човек е ако се земе предвид…

Read More

„Медиа камп Буверо“ во Старо Нагоричане

„Медиа камп Буверо“ во Старо Нагоричане

Десетина студентки и средношколки од ромската етничка заедница од повеќе градови од државата се едуцираат за развој на професионални вештини од новинарство, фотографија и филм. Обуката во рамките на вториот „Медиа камп Буверо 2016“ е во организација на Фондацијата Ромедиа и Националниот Ромски Центар, а се одржува во комплексот Етно село во општина Старо Нагоричане. Според надлежните , целта е  е да се зајакне самодовербата на учесничките, да се обучат, да се олесни нивниот пристап…

Read More
1 419 420 421 422 423 449