Саша Николиќ – генерален секретар на ДПСM

Советникот Саша Николиќ  е новиот генерален секретар на Демократска партија на србите во Македонија. Ова големо признание за неговиот досегашен ангажман и придонес за развојот и подобрувањето на партијата,  партиското раководство му го оддаде на 24-от роденден на ДПСМ, прославен во Скопје.
– Овој последен случај е како круна на мојот досегашен ангажман  во партијата бидејќи воден од мојата филозофија како треба да да се работи во партијата, оној момент кога станав член на ДПСМ како…

Read More

Ременски во посета на транзитниот центар Табановце

Дваесетина мигранти од транзитниот центар Табановце доброволно се префрлени во кампот „Вино –Југ “ . Со ова започнува да се намалува бројката на бегалците на Табановце бидејќи капацитетот  одамна беше исполнет. Иако никој  од надлежните не потврдува , сепак причината поради која најверојатно одлучиле да се вратат во Гевгелија е стравот од ширењето на заразни болести во транзитниот центар бидејќи веќе се регистрирани шест случаи на заболени мигранти од шуга.  Во меѓувреме, мигрантите кои што…

Read More

СДСМ организираше крводарителска акција

По повод 17-ти март, Денот на крводарителите, општинската организација на СДСМ Куманово организираше крводарителска акција на која учествуваа членови, симпатизери на партијата и бројни граѓани.
-Досега одзивот е добар имаме доволно пријавени луѓе кои сакаат да даруваат крв и се надеваме дека акцијата ќе биде успешна. Годишно организираме од 2 до 3 крводарителски акции, доколку има потреба организираме и повеќе. Одзивот секогаш е добар граѓаните се тука за да помогнат и да ја даруваат својата крст…

Read More

Инвестиции од милион евра за Крива Паланка

Над еден милион евра инвестира Владата на РМ во изградба на неколку локални патни правци и канализациона мрежа со пречистителни станици во селото Мождивњак во Крива Паланка. Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев во придружба на градоначалникот Арсенчо Алексовски , денеска го означи стартот на градежните активности за изградба  на патот  во селото Жидилово во должина од еден километар и алтернативниот пат или т.н. руски пат  од Варовиште до манастирот Свети Јоаким…

Read More

Општинскиот кризен штаб со препораки до институциите

Општина Куманово да продолжи со превентивно чистење на речните корита на критичните точки во градот,општинската комисија за проценка на штети да излезе на лице место и да ги утврди настанатите штети од излевањето на речните корита, се дел од заклучоците што вчера  ги донесе општинскиот кризен штаб кој заседавше во просториите на општина Куманово.
Општинскииот штаб за заштита и спасување му препорачува на Водостопанство „Кумановко -липковско поле“ да продолжи со преземање активности за чистење на речните…

Read More

Мигрантите во очекување на Самитот на ЕУ

Мигрантите во транзитниот центар Табановце, но и оние 335 –ина од Сирија и Ирак кои што веќе цела недела се во шатори на граничниот камен со нетрпение го очекуваат самитот на ЕУ. Се надеваат  дека ќе се донесе одлука во нивна корист.
-Сакам да избегам од војната и не размислувам што понатаму. Овде е се добро организирано,  имаме храна, облека, но ние сакаме да си одиме. Чекаме што ќе се случи на 17 март на Самитот…

Read More

Диме Спасов во посета на „Тушевски“

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја посети чевларската фирма „Тушевски“ во Куманово која ангажира 180 вработени од кои 57 се млади лица вработени лани и во тековната година. Спасов, заедно со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски и претставници од државни институции ја посети фирмата за да се информира  дали фирмата ги користи мерките  за вработување.
Тој потсети дека мерката започнала да се реализира во март 2014-тата година.Со проектот за вработување на млади лица…

Read More

Поплавени ниви и викендички во кумановско

Поголема земјоделска површина насеана со пченица,  јачмен и детелина е поплавена ноќеска во кумановските села Клечовце, Јачинце и Довезенце, а под вода се и неколку викендички. Обилните врнежи изминативе два дена предизвикаа  излевање на Крива река и Пчиња. Мештаните со апел до надлежните конечно да се реши проблемот бидејќи последниве години постојано се поплавуваат истите ниви и објекти.  
 
Екипи на кумановската подружница на АД „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле„ преставници од Центарот за управување со кризи  и …

Read More

Околу 12.000 граѓани пријавиле приходи во УЈП

11 981 годишна даночна пријава се примени во даночното одделение Куманово заклучно со вчера. Обврска да ги пријават приходите имаат сите оние граѓани кои што освен од плата, пензија или од земјоделска или самостојна дејност, во 2015-та година оствариле  и приходи од кирии, издавање на имот под закуп, авторски права, индустриска сопственост, исплата на дивиденди, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот , добивка од наградни игри во износ поголем од…

Read More

40 мигранти го напуштиле транзитниот центар Табановце

22 авганистанци и 18 мигранти од Ирак изминативе два дена избегале од транзитниот центар Табановце. Тоа се случило во период кога поради лошите временски услови кампот останал без електична енергија. Мигрантите од Авганистан  кои што  повеќе од три недели се на Табановце велат дека вакви случаи имало и порано.  
-25 дена сум во кампот, не сакам да се вратам  назад. Ние изгубивме се што имаме, сакаме да живееме мирен и безбеден живот во Германија. Ги…

Read More
1 434 435 436 437 438 450