Откорнати дрвца на Даштев рид

Украдени се дел од садниците на Даштев рид кои што беа засадени во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ во декември минатата година. Граѓаните кои што живеат во станбените објекти близу градските гробишта кои што ги анкетиравме денеска иако не знаеја за откорнувањето на дрвцата, сепак го осудуваат ваквиот потег. Не знаат зошто некој би украл садници, но единствени се во ставот дека некои несовесни  граѓани наместо да ја заштитуваат , тие ја загрозуваат животната…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ вештачки ја намалува невработеноста

ВМРО-ДПМНЕ најавува шестотини вработувања дневно, а наспроти тоа 30.000 граѓани на Куманово се невработени, од кои над 10.000 се млади лица, рече на денешната пресконференција портпаролот на СДСМ Сашо Тодоровски.  Социјалдемократите прашуваат дали е свесна централната власт  дека младите својата егзистенција ја наоѓаат во странство преку вадење на бугарски пасоши бидејќи, како што тврди Тодоровски, во Македонија доколку не си дел од  нивниот клан, не можеш да најдеш пристојна работа од која ќе можеш да…

Read More

72 години од загинувањето на народниот херој Карпош

Христијан Тодоровски Карпош е еден од осумте народни херои од кумановско кои ги дадоа своите животи во текот на Народноослободителната борба, беше речено по повод  одбележувањето на седумдесет и втората годишнина од неговото загинување. Бројни делегации предводени од општинската организација на Сојузот на борците, општина Куманово, АРМ и останати вчера на денот на загинувањето на Карпош положија цвеќе пред  неговата биста во спомен куќата. Со едноминутно молчење присутните му оддадоа почит на кумановскиот херој, но…

Read More

Промовирани десет мерки за подобар живот на младите

Секоја прва и трета недела во месецот младите да користат бесплатен железнички превоз , е една од  една од мерките и идеите што ќе го подобрат животот на младата популација во државата беше речено на синоќешната трибина на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ . Според Дарко Костовски од УМС, слична ваква мерка веќе вродила со плод, односно 50.000 млади луѓе досега го користеле  железникот превоз секоја трета недела во месецот. Пред присутните беа…

Read More

Над 1500 бегалци пристигнаа на Табановце

Повеќе од  1500 бегалци меѓу кои и 150 деца пристигнаа со воз денеска напладне на железничката станица Табановце. Премрзнати и истоштени од патот,  а пред се од повеќедневната неизвесност дали ќе успеат да заминат кон земјите на ЕУ веднаш се упатуваа да се стоплат во монтажните објекти , а по пат земаа чај и ќебиња.
-Овој воз е малку поголем, тоа е пред се поради големите гужви кои што се сторија на границата помеѓу Грција и…

Read More

25 повредени Бугари кај Опила

Скршеници на клучна коска, на ребра, на пршлени на рбетниот столб и на рамо се повредите со кои се здобиле четворицата бугарски државјани најтешко повредени при синоќешното превртување на бугарскиот автобус  на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила. Сите се надвор од животна опасност .Во сообраќајната несреќа полесно се повредени 21 лице, имаат набиеници по телото од различен интензитет, но по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување, велат надлежните.  Бугарските професори …

Read More

Отворени денови за граѓаните во катастарот

Граѓаните  денеска и утре имаат можност да бидат дел од заедничките отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно—правни работи. Стручните тимови одговараат на прашања  на граѓаните и доколку се работи за грешка на катастарот се прават напори таа веднаш да биде исправена или пак се дава правен совет како проблемот да се надмине. Околу 6.000 граѓани досега на државно ниво се обратиле кај надлежните тимови во рамките на „Отворени денови…

Read More

Промовирана монографија за воннаставни активности

„Партиципација на учениците во воннаставни активности на училиштето-акциски истражувања“ е насловена монографијата која што беше промовирана денеска, а е изработена од четири основни училишта од градот „ Христијан Карпош“, „ Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ и „11 Октомври“.
Наставниците од посочените училишта направија истражувања со учениците преку прашалници, анкети и интервјуа на различни теми. Христијан Карпош работеше на темата-интерпероналните односи меѓу учениците во паралелка, Браќа Миладиновци ја обработи партиципацијата на учениците во воннаставни активности на училиштето, 11…

Read More

Се отвори канцеларија за проектот„Купи куќа за млади“

Во Куманово од денеска почнува со работа канцеларијата за новиот проект „Купи куќа за млади“. Целта е проектот да се приближи до младите и да може на едно место да добијат информација за условите, учеството, банките и плацевите. Во нив се ангажирани обучени вработени кои ќе ги дадат потребните информации на младите.
-Основен проект е Kупи куќа, купи стан, а овa е нов проект Kупи куќа за млади каде што ќе ги даваме основните информации,  кои…

Read More

„ Методи и пристап на дислексија“ – трибина на ВМРО ДПМНЕ

Во организација на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ OK – Куманово синоќа, во малата сала на центарот за култура  се одржа трибина на тема  “Методи и пристап на дислексија”. Според статистиката, 5 до 10 проценти од популацијата во РМ имаат дислексија. За оваа состојба кај децата, но и кај возрасните зборуваше дефектологот Наташа Крстевска.

Read More
1 437 438 439 440 441 450