Прием кај градоначалникот Дамјановски за Денот на градот

Во пресрет на Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември,  традиционално во општината  се организира прием кај градоначалникот на истакнати луѓе  кои во минатото дале свој придонес  за градот.  На средбата присуствуваа поранешни градоначалници, претставници на здружението на армиски и полициски ветерани и резервни старешнини, командирот на територијалната противпожарна единица и претставници на боречката организација во Куманово. на приемот иајко биоле поканети не се појавија претставници на АРМ И МВР.
„Куманово е град првоборец, кој на…

Read More

Граѓаните редовни плаќачи на даноците и таксите

Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат најголемиот дел од давачките кон општината. Тука не станува збор само за данокот на имот, наследство или подарок туку и плаќањето на разни комунални такси, велат од Секторот  за администрирање приходи во општина Куманово.  По основ на разни даноци и такси на општинската сметка досега легнале околу  150 милиони денари, а се планира сумата да се зголеми за уште 5 милиони денари до крајот на годинава.
-Овие податоци се од…

Read More

Завршува собирната акција на Црвениот крст

Активистите на општинската организација на Црвениот крст во рамките на акцијата по повод недела на гладта продале околу 400 бончиња меѓу граѓаните и бизнис заедницата во градот. Со собраните 8.000 денари ќе бидат набавени одредени прехранбени продукти кои во вид на пакети со храна ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
-Имаме список на луѓе на кои навистина им е потребно да им се даде помош, мислам дека потешко се одвиваат сега работите затоа што на…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Улицата Пелинска е каллива и раскопана

Улицата „Пелинска“ е една од многуте во Куманово која  е неасфалтирана и раскопана , а најчесто по неа тече отпадна вода поради недоволниот капацитет на канализационата цевка и честите дефекти на мрежата, како резултат на што се шири неподнослива миризба. Освен тоа, како што велат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ,  граѓаните нема каде да паркираат, а насекаде во градот се градат згради. Членовите на партијата денеска го потсетија  актуелниот градоначалник на неговото ветување за…

Read More

445 пензионери на бесплатна бања и викенд

445 пензионери поднеле барање до подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за користење на бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд. Поголем дел од пензионерите, односно 225 , поднеле барање за бања, а останатите 190 аплицирале за бесплатен викенд.
-Бањско -климатска рекреација опфаќа шест полни пансиони со платен превоз и со лекарски надзор во самата бања, нашите пензионери обично се испраќаат во Катлановска бања, а постојат уште неколку бањи во кои се испраќаат…

Read More

Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

Во касарната „Боро Менков“ денеска се одбележа Денот на Здружената Оперативна Команда -17 Октомври. На воената свеченост која се одржува втора година по ред, со одлука на претседателот на РМ, воедно и врховен командант на вооружените сили, присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски, повеќе генерали, старешини, војници. Командантот на ЗОК, Васко Ѓурчиновски  во своето обраќање потсети дека утрешниот датум е ден кога далечната 1878 година во селото Кресна…

Read More

Пронајдени гранати од Втората светска војна

Педесетина гранати кои потекнуваат од Втората светска војна пронајде утрово Дирекцијата за заштита и спасување покрај железничката пруга во близина на Хуљуси Комерц. Пиротехничари од Дирекцијата по пријава од вработени во Македонски железници  деновиве се на терен во потрага по старото оружје и муниција.
-Има пронајдено артилериски гранати од 75 мм- 27 парчиња, гранати од 40 мм -20 парчиња, минофрлачки мини има од 60 мм -3 парчиња, куршуми артилериски противавионски 8 мм пет парчиња. Овие се…

Read More

Промовирана стихозбирка на Сеида Бегановиќ

„За жените кои немаат куќа и три обични дена“ е стихозбирка од авторот Сеида Бегановиќ која беше промовирана синоќа во градската библиотека „ Тане Георгиевски“ . Книгата содржи 44 песни пишувани пред неколку години. Бегановиќ вели дека збирката поезија е интересна за критичарите бидејќи во неа е доловена приказната за бездомност на целата цивилизација. во книгата, авторката која е родена во Босна, а живее во Скопје, користела искуства од двете заедници со цел да дојде…

Read More

Уапсени четворица кумановци-помагачи на терористите во Диво насеље

Утрово полицијата спроведе акција под кодно име „Молња“ како продолжение на акцијата во Диво Насеље за разбивање на криминално- терористичката група. Според МВР,  седумтемина  кои што денеска се уапсени биле логистика односно помагачи на криминално –терористичката  група. Од уапсените,  тројца се од липковското село  Отља, еден од Матејче, двајца од скопско Брест  и еден од  Арачиново. Приведените според  првичните документирани сознанија биле во контакт со членови на групата и помагале, почнувајќи од кривично -правниот настан,…

Read More

СДММ испрати порака до власта

Со симболично поставување на банер на надвозникот на влезот на градот, членовите на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово испратија порака до централната власт поврзана за случувањата на 9-ти мај во населбата Тоде Мендол.
-Му испраќаме порака на премиериот во заминување , Никола Груевски секогаш кога ќе поминува покрај Куманово да се сети каква штета е нанесена на граѓаните. Вистината ќе излезе на виделина. По промената на власта, во април 2016 година граѓаните ќе ги добијат…

Read More
1 439 440 441 442 443 450