„Куманово -паркинг “ работи со загуба

Јавното претпријатие  „Куманово -паркинг “ првиот квартал годинава го заврши со добивка. Ова го покажува извештајот за финансиското работење на претпријатието од први јануари до крајот на март 2015 –та година, кој беше усвоен на последната седница на Советот на општина Куманово. Ако вкупните приходи за  посочениот временски период биле 8 милиони 205 илјади денари, а расходите  повеќе од 7 милиони 738 илјади денари, Куманово паркинг остварило добивка од околу 467 илјади денари. Истиот период…

Read More

Нема решение за проблемот со водоснабдување

Раководителите на двете водоснабдителни претпријатија во Куманово да седнат на маса и да се договорат за конкретно решение на проблемот со водоснабдувањето ставајќи ги во прв план интересите на граѓаните, а не политиката. Ова беше констатирано на денешната седница на Советот од повеќето присутни расправајќи по првата точка на дневниот ред.  Советникот Јовица Станковски  смета дека цената на водата не е пресудна  за лошото работење на јавното претпријатие „Водовод“.   Неплатените сметки за потрошена електрична енергија…

Read More

Стечајците собираат потписи во селските средини

Повеќе од 3.000 граѓани со потпис ги подржаа стечајните работници во нивните барања. Потписите заедно со предлог-законот ќе бидат доставени во Собранието на РМ. Деновиве се собираат потписи и во руралните подрачја. Новина е што стечајците добиле подршка од своите колеги да предложат измени и дополнувања на  досегашниот предлог закон.
– Ние немаме веќе 50 годишници и ќе се зголеми стапката на старост, останува 15 годишен работен стаж , а 52 години за жена,  54 години…

Read More

Самоубиствата во пораст

27 годишно момче вчера си го одзело животот.  Oд засега се уште непознати причини кумановецот посегнал  по својот живот ставајќи јаже околу вратот. Се обесил на надворешната страна од петтиот кат на зградата во трговскиот центар Гарнизон, во централното градско подрачје. Случајот го пријавиле случајни минувачи на улицата „Борис Кидрич“ откако виделе дека безживотното тело на младото момче виси на зградата. Полицијата потврди дека вчера изутрина во 05, 45 часот е пријавен немилиот настан. Веднаш…

Read More

Празни нивите во Табановце- мигрантите ги нема

Нивите во кумановско Табановце што летово беа запоседнати од илегалните мигранти  денеска се празни.  Последниот бран бегалци со воз пристигнал вчера изутрина, но за кратко време го продолжиле патот кон соседна Србија. Само отпадоци од храна, ѓубре и стара облека останаа по нивното заминување, велат мештаните. Дел од нив тврдат  дека мигрантите во потрага по храна, а очајни бидејќи останале без пари, почнале и да крадат во локалните продавници.
– Оставија зад нив вистинска депонија, од…

Read More

Самовработување на лицата со инвалидитет

Три инвалидизирани лица од Куманово со одржлив бизнис план веќе аплицирале за владината мерка за самовработување на оваа категорија на граѓани. Во Агенцијата за вработување денеска се одржа трибина на која беше појаснет проектот наменет исклучиво за лицата со инвалидитет, кој се реализира првпат оваа година.
-Грантот е 5.000 евра неповратни средства, рефундирани средства за придонеси со можност на вработување уште на две лица по 92.000 денари. Ги повикувам сите лица со инвалидитет кои имаат одржлива…

Read More

Живот без струја и пари

Четиричлено семејство од селото Старо Нагоричане четири месеци е без струја во својот дом.  40 годишната Виолета Додевска е самохрана мајка со три малолетни деца. Свеќата е единствениот извор на светлина кај нив во вечерните часови. Причината за исклучувањето била заостанат долг од околу 3.000 евра кон ЕВН.
-Груевски пола долгот ми го отпиша, уште 1.400 евра имам долг, ми рекоа во ЕВН 1.000 евра да внесам за 3 дена и уште 400 евра, јас ги…

Read More

Матурантите полагаат државна матура

Од денеска до петок во средното стручно училиште Перо Наков ќе се полагаат екстерните испити од државната матура во августовскиот испитен  рок. Матурантите од Куманово, Липково и Крива Паланка кои не положиле во јуни или пак биле спречени да се јават на испитот денеска го полагаат мајчиниот јазик, а воедно имаат можност да добијат  диплома за положена државна матура.
-Ќе полагаат училиштата од Куманово Гоце Делчев, Перо Наков, Наце Буѓони и Сами Фрашери, потоа гимназијата Исмет…

Read More

Ќе проработи Центар за ран детски развој

Првиот приватен Центар за ран детски развој во Куманово денеска го доби решението за отпочнување со работа. Од вкупно 15, ова е трет приватен центар во државава кој е наменет за децата од предучилишна возраст , а за дел од вработените ќе бидат искористени  поволностите на владините мерки за вработување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Особено е битно да се спомене  дека многу голем број од овие приватни субјекти ги користат…

Read More

Јавен повик за проектот за енергетска ефикасност

Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат  прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период  можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во…

Read More
1 442 443 444 445 446 448