Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово

Традиционално по 11- ти пат  во Куманово ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал. На 21 И 22 месецов  на градскиот плоштад граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на тамбурата на  оркестри од градот и од странство. Првата фестивалска вечер ќе ја отворат кумановските тамбураши.
-Ќе имаме гости, ќе биде Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, јас ќе пеам заедно со моите тамбураши за да главната атракција или ѕвезда на вечерта биде господинот Мирослав Шкоро со својот…

Read More

Угинат крупен добиток од „шушкавец“ во липковско Гошинце

Заразна болест „шушкавец “се појави во липковското село Гошинце. Неколку домашни животни веќе угинале, а не се знае дали и колку други се заразени.  Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за шест животни – крупен добиток. Случајот вчера го пријавил Исмаил Авни, жител на Гошинце во Центарот без да прецизира која е причината за појавата на оваа заразна болест бидејќи досега не ги користеле услугите на ветеринарните служби за лекување…

Read More

Татко и син од Штип одгледувале „канабис сатива“

71 насад од растението „канабис сатива“ со висина и над два метра  откри полицијата во кратовското село Татомир. Марихуаната ја одгледувале  штипјани, татко и син, а текот на неделата  насадите биле полевани по неколку пати.  Заедно со откорнатото растение, полицијата одзела и пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на насадите и шприцеви. Повозрасниот  59 годишен жител на Штип е приведен во заседа, информираат од СВР Куманово
-По претходно добиено оперативно сознание дека лицето…

Read More

Запишани помалку првачиња од лани

364 деца се уште не се запишани во прво одделение и покрај тоа што фигурираат во списоците кои што надлежните органи ги имаат доставено до кумановските основни училишта. Од Секторот за образование очекуваат дека бројката ќе се намали со оглед на тоа што запишувањето на учениците трае до почетокот на учебната година, а во изолирани случаи и после тоа. Дел од причините за намалување на бројката на првачињата се отселувањето на населението од градот или…

Read More

Се поставуваат монтажни објекти за бегалците во Табановце

Започна поставувањето на шесте монтажни објекти на железничката станица Табановце наменети за бегалците. Секој од нив зафаќа по 18 метри квадратни површина, а се донација од УНХЦР. Според секретарот на општинската организација на Црвениот крст Иле Митковски, објектите всушност ќе претствуваат транзитен центар за мигрантите кој ќе го користат за одмор додека чекаат на станицата да заминат од државава. Во никој случај објектите нема да се користат за ноќевање  бидејќи намената не е таква.
– Железничката …

Read More

Се асфалтираат улиците во градот

По околу 100 метри  во должина од улиците Видое Смилевски Бато и АВНОЈ  денеска добија нов асфалт. Деновиве интензивно се работи на втората фаза од  проектот за санација на патната инфраструктура во градот.
Граѓаните сметаат дека е вистинско време за реконструкција на поголемиот број од улиците во Куманово. Задоволни се од општинската инвестиција, но посочуваат дека  можело уште поодамна да се обнови патната инфраструктура .
 -Нема автомобилите да ги кршиме веќе, требало многу поодамна да се асфалтира…

Read More

Над 500 деца на листата на чекање за во градинка

Нови  278 деца се запишани во јунскиот уписен рок во градинката „Ангел Шајче“ за учебната 2015-16 година, а повеќе од 500 се на листата на чекање. Точната бројка на запишани деца ќе се знае на први септември  бидејќи за некои од нив родителите се уште немаат потпишано договор. Во секој случај, вкупниот број на деца кои посетуваат градинка  веќе подолго време го надминува проектираниот капацитет вели директорката Марина Алексовска.
– Ние како градинка имаме толеранција, имаме…

Read More

Ќе се асфалтира патот Романовце- Пчиња

Ќе се асфалтира патот Романовце-Пчиња. Претставници на месните заедници денеска на состанок во градежната компанија Бетон во Скопје добиле ветување од надлежните дека ќе се реши повеќедеценискиот проблем. За да се асфалтира патот поради кој мештаните неодамна протестираа првин треба да се изработи проект. Договорено е тоа да го направи фирмата  Бетон, а потоа да се обезбедат потребните дозволи  вели претседателот на месната заедница „Пчиња“ – Дејан Трендевски. Екипи од компанијата веќе се на терен,…

Read More

Прочистени шахтите и сливните решетки

Иако поретко, но сепак при поголеми врнежи од дожд се случува да се излеат шахтите од фекална канализација и отпадните води да течат низ улиците во Куманово. Главната причина за ваквата ситуација  е неодговорното однесување на граѓаните, посочуваат надлежните. Сопствениците на куќите или станбените објекти наместо одводите од кровните конструкции да ги приклучуваат во атмосферската канализација или да ги спроведат низ дворовите, тие за оваа намена ја користат фекалната канализација, велат одговорните  од јавното претпријатие…

Read More

Асфалтиран крак од булеварот Трета Македонска

После пет децении жителите на делови од  Трета Македонска Ударна Бригада ќе одат по нов асфалт. Распуканите  кракови на булеварот денеска добија нов лик. Се асфалтираат  околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на 6 ипол километарска  патна инфраструктура, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
-Договорот е за 40 дена да биде завршено околу 32-33 илјади квадратни метри. Мојата концепција беше дека во овој период поради лошите временски услови , зимно- летни периоди има големи…

Read More
1 445 446 447 448 449 450