Кривична за кумановец поради фалсификуван ПЦР тест

Кривична за кумановец поради фалсификуван ПЦР тест

Триесет и шестгодишен жител на Куманово ќе добие две кривични пријави бидејќи се сомничи дека се обидел да ја премине државната граница со фалсификуван ПЦР тест.
– Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36 години), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 17-ти ноември на Граничен премин…

Read More

(ВИДЕО) Во Липково стабилна состојбата со Ковид 19

(ВИДЕО) Во Липково стабилна состојбата со Ковид 19

Во Општина Липково не е евидентиран ученик позитивен на ковид 19, состојбата со пандемијата е стабилна. Во оваа општина од североистокот, функционираат седум основни и едно средно училиште, каде што се образуваат над 3.000 ученици.  Липково лани беше една од најпогодените општини од ковид пандемијата.

Read More

(ВИДЕО) Годишен концерт на Младинскиот оркестар при НЦУК

(ВИДЕО) Годишен концерт на Младинскиот оркестар при НЦУК

Младинскиот оркестар при Националната установа Центар за култура вчеравечер одржа годишен концерт во Занаетчискиот дом. Оркестарот веќе е препознатлив по постојаните вежбања и проби, награди и настапи, а е во состав од културните ентузијасти: Филип Гелевски, Филип Стојковски, Никола Стојковски, Мима Младеновска, Иван Стајковски, Иван Михајловски, Јовaн Цветковиќ, Петар Штерјовски и Анастасија Филиповска. Стручен соработник за музичката  дејност е Александар Митрички. Повеќе детали за синоќешниот концерт од изјавата на Митрички.

Read More

(ВИДЕО) Акцијаши со предлог-активности до Советот за заштита на животната средина

(ВИДЕО) Акцијаши со предлог-активности до Советот за заштита на животната средина

Здружението „Кумановски акцијаши“ денеска достави предлог на активности за заштита и унапредување на животната средина кои би влегле во програмата на општината, до претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.
Отворање на еколошки информативен центар, непосредно творење, едукација, преодно знаме – еко семејство, волонтирај еколошки се дел од предложените активности, информираат од здружението „Кумановски акцијаши“.

Read More

(ВИДЕО) Иницијатива за намалување на трошоците за работење кај занаетчиите

(ВИДЕО) Иницијатива за намалување на трошоците за работење кај занаетчиите

Занаетчиската комора на Македонија достави до Владата Иницијатива за намалување на трошоците за работење кај занаетчиите, микро и малите претпријатија. Во однос на најавеното зголемување на минималната плата, Занаетчиската комора  бара од Владата да ја субвенционира разликата од 15.000 до 18.000 денари со цел задржување на работните места и одржливост на микро и малите фирми.

Read More

Тринаесет новозаболени од ковид -19 во Куманово

Тринаесет новозаболени од ковид -19 во Куманово

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 342 нови случаи, од кои 13 во Куманово. Починати се седум лица, меѓу кои нема граѓани на Куманово.  Бројот на активни случаи во државата изнесува 8.037, од кои во Куманово се 257.

Read More

(ВИДЕО) Подобрени правата и услугите за лицата со попреченост

(ВИДЕО) Подобрени правата и услугите за лицата со попреченост

Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово кој како институција работи на обезбедување на правата и услугите за лицата со попреченост согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата, по повод 3-ти Декември, информира дека правото на посебен додаток го остваруваат 446 деца до 26 годишна возраст од кои најголемиот број 175 се со комбинирани пречки во развојот, 120 се хронично болни деца,  52 се со тешка и најтешка телесна инвалидност, а со…

Read More

(ВИДЕО) Банката за храна и НРЦ со хуманитарни пакети

(ВИДЕО) Банката за храна и НРЦ со хуманитарни пакети

Банката за храна во соработка со Националниот ромски центар денеска на Меѓународниот ден на лицата со попреченост доделија хуманитарни пакети на околу 90 семејства од Куманово и околината. Помошта се доделува во рамките на проектот  „ Заедно против ковид -19“.

Read More

(ВИДЕО) Отворено инклузивно игралиште во „Браќа Миладиновци“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

(ВИДЕО) Отворено инклузивно игралиште во „Браќа Миладиновци“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Со пуштање во употреба на пристапни инклузивни игралишта во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ и тетовското „Наим Фрашери“,  Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со партнерските здруженија „Инклузива“ и „Хендимак“ денеска го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост- 3 -ти декември. Игралиштата се направени во рамките на проектот  „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, а денешната активност заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост…

Read More

Димитриевски: Куманово е инклузивна општина

Димитриевски: Куманово е инклузивна општина

Градоначалникот Максим Димитриевски, по повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 Декември, истакна дека Куманово е инклузивна општина која подеднакво се грижи за секого.
„Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост е силна потврда за нашата заложба како општина во унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, вклучително и на овие лица. Се обврзувам дека во следниот период ќе дадеме можност на лицата со попреченост да придонесат за подобро Куманово. Во нашата програма…

Read More
1 384 385 386 387 388 885