Камион излетал од пат над Спомен костурница

На улицата Доне Божинов, над Спомен костурница, поточно спроти авто сервисот Ви-сто, денеска се случила сообраќајна незгода, во која педесет и шестгодишниот Н.К од Куманово, кој возел камион „Сканиа“ со приколка, излетал надвор од коловозот и удрил во бетонска ограда.
Незгодата се случила во 12 часот и 15 минути, а возилото се движело од перферијата кон центарот на градот. Поради лошата положбата камионот беше изваден со кран, а сообраќајот беше блокиран и полицијата вршеше пренасочување.
Во незгодата нема…

Read More

Реновирани простории во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ денеска беше пуштен во употреба реновираниот дел, односно таканаречен прв реон. Обновени се 13 соби, 15 тоалети и 1 купатило, за што се потрошени 3 милиони и 600 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на установата. Директорот, Џемаљедин Неџипи истакна дека од година в година значително се подобруваат условите за сместување во домот.
-Пред една година беше пуштено во употреба реновираниот дел од геријатријата и тогаш ветив дека ќе…

Read More

Општинскиот кризен штаб со препораки до институциите

Општина Куманово да продолжи со превентивно чистење на речните корита на критичните точки во градот,општинската комисија за проценка на штети да излезе на лице место и да ги утврди настанатите штети од излевањето на речните корита, се дел од заклучоците што вчера  ги донесе општинскиот кризен штаб кој заседавше во просториите на општина Куманово.
Општинскииот штаб за заштита и спасување му препорачува на Водостопанство „Кумановко -липковско поле“ да продолжи со преземање активности за чистење на речните…

Read More

Мигрантите во очекување на Самитот на ЕУ

Мигрантите во транзитниот центар Табановце, но и оние 335 –ина од Сирија и Ирак кои што веќе цела недела се во шатори на граничниот камен со нетрпение го очекуваат самитот на ЕУ. Се надеваат  дека ќе се донесе одлука во нивна корист.
-Сакам да избегам од војната и не размислувам што понатаму. Овде е се добро организирано,  имаме храна, облека, но ние сакаме да си одиме. Чекаме што ќе се случи на 17 март на Самитот…

Read More

Завршува обврската за носење зимска опрема

Од денеска граѓаните немаат обврска да носат зимска опрема во своите возила, бидејќи според законските одредби задолжителниот рок трае до 15-ти март. Оваа одлука секоја година започнува да важи од 15-ти ноември, а истата треба да овозможи подобрување на безбедноста во сообраќајот во текот на зимскиот период.
Секое патничко возило кое учествува во сообраќајот на пат надвор од населено место во овој период мораше да има зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочината на шарите…

Read More

Стечајците ги обновуваат документите за субвенции

Стечајците од здружението УНИТ до 31-ви месецов треба да достават документи, како и претходните четири години, за да продолжат да ги користат субвенциите за вода, смет и превоз. Од здружението очекуваат 960 нивни членови да ги искористат овие поволности.
-На секои 6 месеци обновуваме документација затоа што се јавуваат пензионери или инвалидски пензии така што мораме да ги прочистуваме списоците. Вработувања нема но имаме пензионери кои ќе си одат во пензија редовно. 960 стечајци примаат така…

Read More

Истекува рокот за поднесување даночна пријава

Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за остварен дополнителен приход во текот на 2015 година.  Сите лица кои имаат дополнителни  приходи освен плата или пензија  или имаат приход од земјоделска дејност или самостојна дејност треба да поднесат годишна даночна пријава. Под дополнителна заработа се вбројуваат и приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот.
-Добивка од…

Read More

Се крпат ударни дупки по улиците

Започна крпењето на ударните дупки во градот. Екипа денеска ги санираше оштетените делови на улица ,,Бајрам Шабани”. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека во првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на сообраќајниците во приградските населби.
-Направена е динамика за она што се вели реконструкција на постоечка патна инфраструктура и поставување на бекатонски плочки, тротоари, комуникација на ситни улици, таму кадешто може да…

Read More

Свлечиште кај Страцин

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин од вчера е активирано свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот.  
Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.  
Екипите на јавното претпријатие Македонија пат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот. 

Read More

Недостига возило за гаснење пожари на висококатници

Територијалната противпожарна единица Куманово има потреба од набавка на возило за гаснење пожари на висококатници. Ова беше истакнато на последната седница на Советот на Општина Куманово. Советниците ја поздравија работата на пожарникарите, но нагласија дека е недозволиво ваква единица да се остави без опрема. Според нив општината, но и државата бидејќи таа ја пренесе оваа надлежност на локалната самоуправа, мора да вложат средства за опремување на противпожарните единици.
-Еден град како Куманово најголема општина во државата,…

Read More
1 891 892 893 894 895 927