430 ученици од основно училиште „Дитурија“ во општина Липково од денеска часовите по физичко образование ќе ги одржуваат во спортска сала. Владиниот проект за изградба на 145 спортски училишни сали континуирано се реализира во сите општини низ државава. Според надлежните ова е пример за успешна соработка меѓу централната и локалната власт со цел модернизација и усовршување на училишната инфраструктура.
-Ова е втора сала во липковско, која се протега на површина од 650 метри квадратни. За оваа…
Ротатор
Запленета марухана во Tабановце
Околу 4 килограми марихуана и 71 стебло од растението „канабис сатива “ утрово заплени кумановската полиција во пограничното село Табановце. 65 годишен жител на Табановце и неговиот 30 годишен син растението го одгледувале во семејниот двор. Во утринските часови извршен е претрес и на домот и во другите простории во нивна сопственост. Покрај другото, пронајдена е и воздушна пушка.
-Одземени се и предмети ( црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување и обработување на трастенијата,…
Лулзим Нуредини – нов командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон
Потполковникот Лулзим Нуредини е новиот командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон . Со примопредавање на военото знаме, плакета и со дефиле на ешалоните на единиците од баталјонот денеска во касарната „ Боро Менков “ беше извршено официјалното примопредавање на должноста. Новоназначениот командант на баталјонот, Нуредини,пред присутните кажа дека е чест и одговорност што е назначен за командант, a потоа им се заблагодари на претпоставените за укажаната доверба.
-Ние што остануваме, продолжуваме понатаму,критериумите се поставени,целите се јасни,желбата…
Ќе се огради транзитниот центар за бегалците
Да се огради транзитниот центар за бегалците, да се постави управител на кампот за да има контрола над влегување и излегување од него, да се воспостави целосна контрола од страна на комуналната инспекциска служба и Агенцијата за храна на теренот кога станува збор за донирање на прехранбени производи, да се воспостави единствен центар за донирање на облека со седиште во Куманово или во Скопје каде што сите хумани граѓани и активисти ќе донираат облека и…
Read MoreПолицијата со почести патроли во Соколана
Зголемени безбедносни мерки, осветлување и одржување на постоечките објекти побараа претставниците од училиштата „Браќа Миладиновци“,„Крсте Мисирков“,„Наце Буѓони“ и интернатот „Професор Мијалковиќ“. Тие пред надлежните од секторот за образование и полициските службеници ги посочија проблемите кои ги создаваат несовесните граѓани однесувајќи се насилнички и уништувајќи го просторот. Беше побарано поставување на асфалт од интернатот до спортското игралиште и изградба на стаза која ќе го поврзува соколанскиот парк со атлетскиот полигон.
– Се договоривме да преземеме поконкретни активности…
ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не ги исполни ветувањата
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски не сака да даде одговор на бројните прашања на граѓаните за релизација на ветените проекти. Тој избра да се сокрие зад младите од неговата партија, пуштајќи ги да изнесуваат лаги, истакна на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тој со видео материјал потсети дека градоначалникот за време на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, ветил современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атарот на…
Протестот во Режановце засега во мирување
Протестот во село Режановце овие денови е ставен во мирување, бидејќи мештаните добиле ветување дека надлежните ќе го санираат мостот и ќе ја довршат канализационата мрежа. Ова беше нивното барање, а во спротивно најавуваа дека ќе продолжат со протести да ги запираат градежните работи, односно реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце, којашто е дел од проектот Железнички Коридор 9.
Претседателот на месната заедница на Режановце, Зоран Крстевски соопшти дека санацијата е во тек, но дека треба да постигнат…
Се реши статусот на вработените во „Житомел“
Наскоро ќе се реши статусот со долгогодишниот проблем на 40-ина поранешни вработени во Житомел. Имено по судска одлука, тие ќе добијат отказни решенија од фирмата, што значи дека ќе можат да се пријават во Агенцијата за вработување, како и да поднесат барање за прогласување на технолошки вишок. Тие со години седеа дома, бидејќи недефинираниот статус не им дозволуваше да засноваат друг работен однос. Се водеа како вработени, а не земаа плата, ниту пак имаа право…
Read MoreВо Режановце се прослави Св. Јован Отсечен
Со црковен-народен собир утринава во село Режановце се славеше селската слава Свети Јован Крстител Отсечен. На чествувањето на празникот присуствуваа верници од градот и околината, кои запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба на најмилите. Во црквата се одржа света литургија која ја водеа свештеници од кумановско-осоговската епархија.
Според осумдесет и двегодишниот Душко Николовски, жител на оваа село и учесник во изградбата на црквата, од година во година се повеќе се намалува бројот на…
СДСМ: Куманово целосно заборавено од власта
Додека локалната власт се обидува на секаков начин да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, исклучиво со сопствени средства, Куманово целосно е заборавено од централната власт на Никола Груевски, рече на денешната пресконференција Сашо Тодоровски, портпарол на Социјалдемократскиот сојуз.
-Дополнителен доказ за тоа се низата нереализирани проекти коишто ВМРО-ДПМНЕ ги вети на граѓаните, како на пример, реконструкција на автопатската делница Куманово-Миладиновци, експресен пат Куманово Деве Баир, реконструкција на далноводот Скопје -Куманово, спортска сала во основно…