Дотраени дрвени бандери претставуваат закана за жителите кои живеат на улицата Два, во населбата „Јане Сандански“, или попозната како „Бабин дол“. Мештаните се жалат дека столбовите со месеци стојат наведнати и секој момент може да паднат. Тие велат дека пред два месеци една од бандерите целосно паднала, и неколку часа останале без електрична енергија. Екипите на ЕВН тогаш проблемот го решиле со ставање бетонски потпирач, но по само неколку месеци, бандерата повторно е поднаведната и…
Read MoreВести
Погребан борецот Спиро Зафировски
-„Иако бевте болен до последен момент бевте со нас на разните одбележувања кои што ги организиравме, а последното беше на 13 јануари годинава во Пелинце.
Токму поради несебичната ангажираност и посветеност , повеќе мандати бевте претседател на општинската организација на Сојузот на борците“ – беше речено при денешното испраќање до вечното почивалиште на претседателот Спиро Зафировски. Учесникот во НОБ почина вчера на 90 годишна возраст.
-Вие сте современик на онаа бивша Кралевска Југославија кога започнавтеда го изучувате…
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ закроија лозје во Романовце
Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и останати граѓани, вчера по повод празникот Свети Трифун, закроија лозје во село Романовце. Традиционално, четврта година по ред партијата го одбележува Денот на лозарите и виното, а за таа пригода членовите сечат славски колач. Свештениците од Кумановско-осоговската епархија ги осветија дрвцата, и потоа беше извршено примопредавање на кумството, при што за нов кум е назначен Дејан Ристов, секретар на партијата.
-За мене ова кумство претставува голема…
Средношколците не се откажуваат од своите барања
Средношколците од градот денеска одржаа мирен собир на Градскиот плоштад, преку кој упатија порака дека планираат да продолжат со својата борба за подобро образование. Тие со свои говори ги потсетија надлежните дека бараат да се укине екстерното тестирање, и да се изнајде нов модел кој ќе биде прифатлив за сите засегнати страни, а полагањето на државна матура да остане по стариот модел.
-Ќе се говори за изминатиот циклус на екстерно тестирање за матурантите но и за…
Мртов маж пронајден во поранешно стрелиште
Безживотно тело на повозрасен, непознат маж, денеска околу 14 часот е пронајдено во близина на надвозникот на мостот на улицата „Доне Божинов“, односно во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, кај Спомен Костурница.
Мртвото тело го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција. Според очевидците се работи за лице на околу 60 годишна возраст, кое било облечено во работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици.
Увид на местото на настанот изврши јавен…
Вработени кумановци преку Твининг проект на ЕУ
13 кумановски занаетчии се вработија преку твининг проектот поддржан од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“. Тие денеска ги добија сертификатите за успешно завршената 5 -месечна обука. Проектните раководители сметааат дека е возможно да се развијат и спроведат иновативни активни мерки за вработување заедно со регионалните социјални партнери.
-Во Куманово најдовме одлична соработка со нашите партнери од Центарот за вработува но и со невладината органзиација…
Изложба на носии и суверини во Старо Нагоричане
Со отворање изложба на носии, сувенири, украси и фотографии синоќа заврши проектот насловен „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на општината старо нагоричане“. Изложбата ја организираше културно-уметничкото друштво „Српски вез“. Проектот е со цел да се сочува културното наследство на Србите во општината Старо Нагоричане.
-Српскатаз аедница интензивно работи на нови проекти , а најзначајно е тоа што го оформи огранокот Српски вез во 2015 година и работилница за шиење на…
Продажни изложби на „Порака наша“
Корисниците на дневниот центар за интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска организираа продажни изложби по повод 14-ти февруари, Денот на вљубените и Денот на виното. Тие заедно со волонтерите продаваа различни предмети, кои ги изработиле во центарот. Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за уредување на просторот во кој престојуваат секој ден.
-Имаме разни предмети, како што се тегли, букети, престилки за во кујна, кои може да се користат за складирање разни работи, вреќи за ќеси,…
Ќе соработуваат паркинг претпријатијата на Куманово и Општина Центар
Јавните претпријатија „Паркинг“ од Куманово и „Паркинзи“ од Општина Центар денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е да се продлабочи соработката, и на тој начин да се подобри начинот на функционирање на двете јавни претпријатија, кои се занимаваат со проблематиката околу организирање на паркирањето во Општина Куманово и Општина Центар.
-Нашата соработка е започната пред 2 години заеднички патуваме на разни семинари, обуки што ги имавме досега, настани, денеска ставаме круна на соработката и…
Нови контејнери во Транзитниот центар Табановце
Нови 1400 бегалци со потекло од Сирија, Авганистан и Ирак денеска напладне пристигнаа со воз на железничката станица Табановце. Со секојдневниот наплив на мигранти паралелно се доопремува и Транзитниот центар. Дополнителни 20-тина контејнери во наредниот период ќе се постават на Табановце. Според Центарот за управување на кризи, деновиве се донесени 4 контејнери кои, откако ќе бидат приклучени на електрична енергија, ќе се стават во функција на бегалците. Носењето на нови контејнери предизвика сомнеж дека тие…
Read More