Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со ученици од втора и трета година од СОУ Гимназија „Гоце Делчев” кои што презентираа идеи од областа на социјални иновации, со кои се претставија на регионалниот Upshift натпревар, кој се одржа во Сараево од 11-14 ноември годинава. Во конкуренција на средношколски тимови од Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кумановските гимназијалци беа единственото училиште кое учествуваше со два тима, од кои едниот, тимот Eco Flame се пласираше меѓу најуспешните пет во…
Види повеќеДневник
ВИДЕО: Расчистена дивата депонија кај поранешниот хотел „Ку-ба“
Целосно е отстранета дивата депонија во околината на поранешниот хотел „Ку-ба“. Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ утрово продолжија со најавените активности за почист и поуреден град. Следните акции за расчистување на мини диви депонии ќе бидат реализирани во Биљановце, во месноста Стари лозја, кај воените магацини и на останати локации, зависно од временските услови, соопшти директорот на комуналното претпријатие Сашо Томиќ. Надлежните апелираат до граѓаните за совесно однесување и заедничко зачувување на јавните површини,…
Види повеќеМалолетник, возач на „априлија“ повреден во сообраќајна незгода
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне во полицијата во Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна незгода во која бил повреден малолетник. Според пријавата, незгодата се случила помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од…
Види повеќеПлинска боца предизвикала пожар во стан
Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера попладне било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во стан, сопственост на 58-годишен кумановец. Како што соопштија надлежните, пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово. Претходно, за пожарот информираше и Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен, во кој како причина за настанатиот пожар се наведува „пукната“ плинска боца, како последица на што…
Види повеќеМицкоски: Поддржувам проширување на проектот „Безбеден град“ во целата држава
„Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот. Затоа што само изминативе недела – две во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, што повредени, што би рекол, луѓе коишто го изгубиле животот поради неприлагодена…
Види повеќеПронајдени пиротехнички средства во возило на кумановец
Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера во 12:20 часот полициски службеници лишиле од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа, кумановско. Според СВР Куманово, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена…
Види повеќеТошковски: Започна пробниот период на системот „Безбеден град“ – прекршоците автоматски се бележат, сопствениците добиваат известување, за 12 часа над 65.000 прекршоци
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за валиден доказ. Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење,…
Види повеќеПријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите,…
Види повеќеВо 2025 година регистриран еден случај на ХИВ во Куманово, 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија
Едно лице од Куманово е новорегистриран случај, позитивен на ХИВ вирусот во текот на 2025 година, заклучно со 27 ноември, а починати кумановци од СИДА нема, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, по повод Светскиот ден за борба против СИДА, 1 Декември. На ниво на државата, годинава пристигнати се пријави за 38 новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА во Македонија. Од случаите, најголем дел се со место на живеење во Скопје, останатите се регистрираат како спорадични…
Види повеќеАкциска контрола во Кичево: Поднесена пријава против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале во објект во Кичево без содветна работна дозвола
Министерствтото за внатрешни работи информира дека на 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна…
Види повеќе








