ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата

ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес-конференција на која информираше за донесените одлуки на Централниот одбор во однос на предлог кандидати за заменици министри од редовите на Движењето во Владата на Република Македонија.
Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, рече дека Централниот одбор со едногласно донесена одлука за кандидати за заменици министри ги утврди: за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Мирослав Лабудовиќ, а за заменик министер за дигитална трансформација – Радослав…

Read More

Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

Националната фото унија во соработка со Фото клуб Куманово ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од проектот „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“.
„Целта на проектот е да се отслика и долови суштината и убавината на нашиот град. Без разлика дали сте искусен фотограф, аматер или едноставно сте луѓе кои го сакаат неизмерно својот град, Ве поздравуваме и потикнуваме да ни се придружите во прикажувањето на она што го прави Куманово уникатно“, посочуваат организаторите.
Од…

Read More

Истрели на фудбалски стадион во Куманово, случајот пријавен во полицијата

Истрели на фудбалски стадион во Куманово, случајот пријавен во полицијата

Ноќеска околу 01 часот во СВР Куманово било пријавено дека се слушнало пукање кое доаѓало од фудбалски стадион во Куманово, на кој во моментот не се одржувал никаков настан, информираат надлежните. Од полицијата информираат и дека утрово околу 04 часот,  62- годишно лице, вработено на бензинска пумпа во Куманово пријавило дека додека било на неговото работно место физички е нападнато од едно лице.

Read More

Глауком – постепено намалување на видот без видливи симптоми

Глауком – постепено намалување на видот без видливи симптоми

Едно од заболувањата на окото кое се почесто се евидентира е глаукомот кој претставува постепено намалување на видот без видливи симптоми.
Повеќето лица кои што имаат глауком немаат никакви почетни симптоми или болка.
Првиот знак најчесто е губиток на периферниот вид, кој може да се појави дури многу подоцна во животот и поради тоа глаукомот е познат како тивкиот крадец на видот.
Повеќе на оваа тема од д-р Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог и хирург.

Read More

Општински пари за пет невладини здруженија

Општински пари за пет невладини здруженија

Пет невладини организации кои аплицирале на јавниот повик ќе добијат средства од општинскиот буџет за проекти од социјална заштита.
Околу 50.000 евра општински пари ќе бидат распределени за активностите на здружението „Инклузива“, центарот за ромска заедница ДРОМ,  хуманитарното здружение „Мајка“, центарот за рурале развој „Бујрум“ и здружението „Детска Светлина“ од Куманово.

Read More

Волонтерите со вода и флаери за заштита од топлотен бран

Волонтерите со вода и флаери за заштита од топлотен бран

Волонтери на Црвениот крст од Куманово денеска во централното градско подрачје делеа вода и флаери со совети за заштита на граѓаните од топлотниот бран.
– Поради високите температури нашите волонтери денеска излегоа на терен и поделија студена вода и флаери за топлотен бран дизајнирани од наша страна. Вкупно беа поделени 310 мали шишиња со вода, велат од ОО Црвен Крст Куманово.
Акцијата, велат оттаму, ќе продолжи и во текот на наредниот период.
– Целта е да се дадат…

Read More

„Рома труба фест 2024 “ на 18 јули во Куманово

„Рома труба фест 2024 “ на 18 јули во Куманово

Дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија и српската поп пејачка Анабела ќе бидат дел од 19-то издание на „Рома труба фест 2024“ во Куманово.
Фестивалот е во организација на Ансамблот на ромски народни игри и песни „Рушит Шакир“, а ќе се одржи на 18 јули на градскиот плоштад.
„Рома труба фест 2024“ е од ревијален карактер, а се одржува под покровителство на министерството за култура и општина Куманово.

Read More

МОН ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година

МОН ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната…

Read More

Пожарникарите со неколку интервенции во изминатото деноноќие

Пожарникарите со неколку интервенции во изминатото деноноќие

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележи две интервенции. И во двата случаи пожарникарите гаснеле опожарена сува трева и дрвја во населбата Јане Сандански и во Агино село.
Во текот на изминатото деноноќие и пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале во селото Стрезовце.

Read More

Осветување на темелите на црквата „Свети Димитриј“ во Тромеѓа в сабота

Осветување на темелите на црквата „Свети Димитриј“ во Тромеѓа в сабота

Во кумановското село Тромеѓа в сабота со почеток во 10 часот ќе бидат осветени темелите на црквата „Свети Димитриј“.
Според претставници на месната зедница, темелите ќе ги освети Митрополитот кумановско-осоговски Григориј.
– Добредојдени се сите заинтересирани граѓани и верници од Куманово да присуствуваат на овој чин на осветување на темелите на црквата која ќе се наоѓа до самото езеро во Тромеѓа, велат од месната заедница.
Инаку, голем број верници во текот на изминатите денови веќе донираат градежен материјал…

Read More
1 2 3 4 887