Куманово денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот и 507 години постоење. На 11 ноември 1944 година партизаните од НОБ го победиле фашистичкиот окупатор, а граѓаните ја дочекале слободата на својот град.
По тој повод повеќе делегации од градот и гости од земјата и странство положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата, пред споменикот на паднатите борци. Во текот на НОВ од Куманово произлегле осум народни херои: Христијан Тодоровски-Карпош, Киро Фетак, Боро Менков, Перо Чичо, Бајрам Шабани, Мара Нацева, Боро Петрушевски и Трајко Стојковски-Бузо, а загинале над 450 учесници во војната од кумановско.
Пред присутните на Спомен-костурницата се обрати Зора Ивановска од општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово, а потоа следуваше културно-уменичка програма подготвена од ученици и наставници од државното средно училиште „Киро Бурназ“.