ЛДП: Конечно граѓаните знаат каков воздух дишат

Со ставање во функција на мерната станица, е направен мал но значаен чекор кон подигање на општата еколошка свест, а кумановци конечно имаат информации каков воздух дишат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП,  Филип Јаневиќ.
-Иако во опозиција, ЛДП заедно со граѓаните успеа да се избори во Куманово конечно да биде поправена мерната станица од страна на Министерството за животна средина. По долги години нејзино нефункционирање, денeска мерната станица го покажува нивото на загаденост на…

Read More

617 мигранти „заглавени“ на Табановце

617 мигранти од Авганистан се сместени во Транзитниот центар Табановце затоа што не можат да ја минат границата. Веќе три дена српската гранична полиција не им дозволува влез на нивна територија . Од вчера и во Македонија се пропуштаат  само мигрантите кои што потекнуваат од Сирија и Ирак, кои покрај официјалниот документ, мора да имаат и пасош или лична карта, пренесуваат медиумите. Авганистанците се во тампон зоната на границата меѓу Македонија и Грција.  И раководителот…

Read More

Профункционира мерната станица во Куманово

Од вчера е пуштена во употреба мерната станица за квалитет на воздухот во Куманово. Во моментов се мерат три параметри, суспенирани честички ПМ 10, присуството на озон во воздухот и сулфур диоксид, информираат од министерството за животна средина и просторно планирање.  Информации за тоа каков воздух дишеме може да се добијат со отворање на  веб страницата „Мој воздух“  или со превземање на истоимената апликација на смартфоните.
Инаку, кумановци со години немаа информации дали дишат чист воздух…

Read More

Превентивни прегледи значајни во борба против карцином

„Ние можеме, јас можам“, е насловот на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при општинскиот комитет. Пред присутните зборуваа докторите Марјан Денковски  и Томица Анчевски. Целта на трибината е информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги, и повик за унапредување на политиките по однос на ова прашање.
-Темата на денешното предавање е карцином на…

Read More

Проект за физички развој и социјализација на децата

„Ран адаптивен физички развој и социјализација“ за деца со развојни потешкотии од 4 до 7 години, е насловен проектот кој денеска беше промовиран, а од неодамна започнаа да го имплементираат регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша и основното училиште Кочо Рацин. Целта на проектот е да се придонесе за подобрување на способностите кај децата во одредени развојни области. Директорката на основото училиште „Кочо Рацин“, Лидија Пешевска истакна дека со него се опфатени…

Read More

Граѓаните напролет ќе одат по обележани улици

Напролет комплетно ќе заврши реконструкцијата,  а ќе се обележат и улиците  во градот, најавуваат надлежните. Акцент ќе биде ставен на централното градско подрачје, каде што фреквенцијата е најголема и е неопходно обележување на пешачките премини и линиите што го обележуваат правецот на движење на возилата. Факт е дека на кумановските улици, со ретки исклучоци, хоризонталната сообраќајна сигнализација е избледена или воопшто не постои поради што дел од  граѓаните се загрижени за својата безбедност како пешаци,…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Злоупотребена седницата за советнички прашања

До каде е стигнато барањето за канализација во населбата Карпош во месноста Ливади чија што проектна документација е доставенa до општината, до каде е проектот за доизградба на канализацијата во Горно Којнаре, кои станбени објекти се предвидени за реконструкција на фасади со средства од буџетот на општината, се дел од прашањата кои што советничката група на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вчера требало да ги упатат до градоначалникот Зоран Дамјановски. Сметајќи дека седницата е злоупотребена за…

Read More

Превозот за ученици се плаќа по зони

-Како е организиран училишниот превоз и дали е точно дека се плаќа неколку пати повеќе за превоз на учениците споредбено со другите градови , праша претседателот на Советот максим Димитриевски на денешната седница посветена на советнички прашања. Димитриевски побара одговор од градоначалникот Зоран Дамјановски со цел да се разјаснат дилемите кои се појавија во јавноста по одржувањето на пресконференцијата на ГРОМ.
Училишниот транспорт го користат 5300 ученици од основните и средните училишта, а плаќањето за превозот…

Read More

Опозициските советници ја напуштија седницата

Советниците на Kоалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата додека градоначалникот Зоран Дамјановски одговараше на прашањето за постапката за организирање и плаќање на училишниот превоз поставено од претседателот на Советот, Максим Димитриевски. После речиси половина час посветено на ова прашање, опозициската коалиција реши да не биде дел од седницата . Според координаторот на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски, градоначалникот одговорал на однапред договорени прашања со советниците заради сопствен маркетинг.
-Нашата советничка група реши да ја напушти…

Read More

Фирмите се запознаа со најновите меѓународни програми

Претставници на малите и средни претпријатија денеска имаа можност да се информираат за  „Меѓународни програми во поддршка на приватниот сектор“ на настанот кој го организираше Бизнис центарот, кој работи во состав на Североисточниот плански регион. Промоцијата е  дел од проектот „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, има за цел да ја зголеми конкурентноста на планските региони, преку поддршка на малите…

Read More
1 884 885 886 887 888 920