Theatre: deconstructed претставува уметничка инсталација која изминатите две недели го красеше фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокоппиев“ на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022“.
Инсталацијата изработена од Давид Стојановски, Крсто Богојевски и Кристина Лозановска има за цел да ја ослика театарската реалност.
Инсталацијата има за цел низ мисловна интеракција да ја предизвика публиката, набљудувајќи ја да создаде слика за содржината, костимографските и сценографските сегменти трансформирајќи ги во сопствена театарска режија.