Жителите на село Пчиња и околните населени места утрово започнаа со 24- часовна блокада на патот кон депонијата Краста. Не се дозволува влез на камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ на Краста, ниту пак се пропуштаат камионите на каменоломите во близина на депонијата. Останатиот сообраќај се одвива без никакви пречки. Мештаните се револтирани, од како што велат, игнорантскиот однос од надлежните во однос на решавањето на повеќедеценискиот проблем. Густиот час и непријатната миризба што се шират од опожарената депонија ги чувствуваат не само жителите на околните села, туку и целиот град. Бараат помош од сите надлежни институции на локално и на централно ниво.
Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Територијалната противпожарна единица Куманово ги користат сите расположиви ресурси за надминување на проблемот. Со механизација помагаат и општествено одговорни компании, посочува в.д.директорот на комуналното претпријатие Сашо Томиќ.
Видеото по вестите во 18 часот.