Отворање шелтер центар за згрижување жртви на родово базирано и семејно насилство, поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на училиштата, грејни тела за затоплување на училишните спортски сали, изградба на водоводна мрежа во село Пчиња, санација на тоалетите, прозорците и подовите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, рурален развој и рурален туризам – поддршка на манифестацијата „Есенско пазарче“, се само дел од проектите кои што повеќето работни групи на третиот и последен буџетски форум ги избраа како приоритети во креирањето на буџетот за 2027 година.
Буџетските форуми се во организација на Општина Куманово, во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI).