Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово неделава организира тридневна акција за чистење и уредување на православните градски гробишта во Куманово.
Надлежните ги повикуваат граѓаните да се приклучат масовно на акцијата и со заеднички ангажман да се придонесе кон успешна реализација и уредување на просторот.
Акцијата ќе се спроведе на 21.08., 22.08. и 23.08. 2026 година, во периодот од 07:00 до 14:00 часот.