Вчера околу 15 часот во СВР Куманово била пријавена кражба. Според полицијата, граѓанин на возраст од 51 година, пријавил дека во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и други предмети. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.