На платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово викендов се одржа традиционалниот уличен фестивал за деца во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
Манифестацијата е во рамки на празничната културно – уметничка програма во чест на 11 Октомври. На плоштадот најмалите имаа можност да се дружат со професионалниот аниматор и жонглер, Дарко Ѓурчиновски, во Comedy kids show (Комедија за деца) и „Кидос” – маскоти на омилените јунаци од детски цртани филмови. Дружењето беше збогатено со детско ликовно катче, кадешто најмалите ги изразија креативните способности, мотивирани од забавниот несекојдневен настан.