Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 25.11.2026 во 14:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 27-годишен жител на село Љубодраг, кумановско. Тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 25.11.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 43-годишен кумановец. Тој не го почитувал Решението од Основен суд Куманово и ја навредувал поранешната сопруга со што ја прекршил забраната. И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.