По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, најмалите распеани ѕвездички од нашиот град ќе имаат настап во живо, на сцената на Занаетчиски дом, вечерва во 19 часот, објави Општина Куманово.
Музичката вечер е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност – „МУЛТИ АРТ” – Куманово, со поддршка на Општината. Посветена е на детскиот талент, креативноста и љубовта кон татковината.
„Мали, но големи пејачи” е традиционален концерт, чие премиерно издание беше на 16 мај 2026 година, во НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово.
Вториот концерт е закажан на 18 ноември, влезот е бесплатен.