Репортажата „Карабичане“ на порталот Кумановоњуз доби плакета за најдобра интернет-репортажа на Интернационалниот фестивал за репортажа и медиуми „Интерфер – Златна Ника“, кој се одржува во Белград.
Репортажата „Карабичане – кумановско Краљево са тврђавом која чува тајне“, на српски јазик од авторката Сузана Николиќ, сопственичка и главна и одговорна уредничка на Кумановоњуз е наградена во категоријата за репортажи објавени на интернет портали. Во неа се зборува за пограничното село Карабичане, кое има богата историја, традиција и бројни неистражени археолошки локалитети.

Новинарката Сузана Николиќ и на минатогодишниот јубилеен, 30 -ти Интернационален фестивал за репортажа и медиуми во Белград ја доби втората награда за репортажата „Од Пирота до Куманова – Прича једне махале“, која говори за доселувањето на Пироќанците во Куманово.
Инаку, Кумановоњуз годинава одбележа 18 години постоење и успешна работа на медиумскиот простор, како прв информативен интернет портал во Куманово и североисточниот регион.
